Марија Шарапова
Од Википедија, слободна енциклопедија
![]() |
||
Прекар | Маша | |
Земја | ![]() |
|
Место на живеење | Бредентон, Флорида, САД | |
Дата на раѓање | 19 април 1987 (возраст 19) | |
Место на раѓање | Њаган, Сибир, Русија (СССР при раѓање) | |
Висина | 1.88m | |
Тежина | 57kg | |
Професионалец | 2001 | |
Игра со | десна рака; дворак бекхенд | |
Заработено пари | $9,113,352 | |
Синглови | ||
Резултат: | 243-58 | |
Титули во кариера: | 15 | |
Највисок дострел: | 1 (22 август 2005) | |
Резултати на Гренд Слемови | ||
Австралијан Опен | Ф (2007) | |
Ролан Гарос | ЧФ (2004, 2005) | |
Вимблдон | П (2004) | |
УС Опен | П (2006) | |
Двојки | ||
Резултат: | 23-16 | |
Титули во кариера: | 3 | |
Највисок дострел: | 41 (14 јуни 2001) | |
Марија Јурјевна Шарапова (руски: Мария Юрьевна Шарапова) (родена на 19 април 1987) е руска професионална тенисерка. На крајот на 2006 година, таа беше најскапо платената спортистка во светот.
Шарапова има освоено два Гренд Слема. Таа е последниот освојувач на УС Опен, откако ја победи Жастин Анин во финалето од 2006 година. Во 2004 година, таа стана третата најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис) откако во финалето извојува победа над американката Серена Вилијамс.
Содржина |
[уреди] Биографија
[уреди] Личен живот
Родителите на Шарапова се преселуваат од Хомјел, Белорусија во Сибир, Русија после нуклеарната несреќа во Чернобил. Марија се раѓа следната година во Њаган.
Нејзиниот талент е забележан од страна на Мартина Навратилова, а прв пат почнала да тренира тенис со рекетот подарен од таткото на Евгениј Кафелников. На седум години, Шарапова оди во САД заедно со нејзиниот татко - Јури - и станува дел од Тениската Академија Ник Болетиери во Бредентон, Флорида. Нејзината мајака, Јелена, која е оневозможена да дојде поради визниот режим, стигнува во САД неколку години подоцна. Оттогаш Шарапова живее во САД но сѐ уште има руско државјанство.
Во 2002 година, Шарапова купува куќа на плажата Менхетн, Калифорнија во предградие на Лос Анџелес, но најголем дел од годината го минува близу тренинг кампот во Бредентон.
[уреди] Kариера
[уреди] 2004 и 2005
Во текот на 2004 Марија станува третата најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис). На патот кон титулата ги победува Аи Сугијама во четвртфиналето (5-7, 7-5, 6-1), Линдзи Девенпорт во полуфиналето (2-6, 6-7, 6-1) и двократната освојувачка на турнирот - Серена Вилијамс - во финалето (6-1, 6-4). Така Шарапова станува првата русинка освојувачка на Вимблдон. На крајот на годината, Шарапова го освојува и WTA Шампионатот, повторно победувајќи ја Серена Вилијамс (4-6, 6-2, 6-4).
Од јуни 2004 до полуфиналето на Вимлдон 2005, Шарапова има 22 победи на трева, но таму е поразена од Венус Вилијамс (7-6, 6-1), иако до овој натпревар, Марија нема да загуби ниту еден сет на Вимблдон. Стигнува до полуфилето на Австралијан Опен 2005, кадешто загубува од Серена Вилијамс (2-6, 7-5, 8-6) иако има две меч-топки.
На 22 август 2005 Шарапова се искачува на првото место на WTA листата, но една недела подоцна тоа ѝ е одземено од Линдзи Девенпорт. Шарапова се враќа на првото место после УС Опен, и покрај поразот во полуфиналето на овој турнир. Таму останува шест недели, по што Девенпорт повторно се враќа на врвот.
Во полуфиналето на УС Опен таа е поразена од Ким Клистерс и така 2005 ја завршува без да освои нова титула на Гренд Слем турнирите. На патот кон повторување на успехот од 2004 година, ќе биде спречена од идните шампионки: на Австралијан Опен губи во полуфиналето од Серена Вилијамс, на Ролан Гарос во четвртфиналето од Жастин Анин, на Вимблдон во полуфиналето од Венус Вилијамс, а на УС Опен во полуфиналето од Ким Клистерс.
[уреди] 2006
Во 2006 во полуфиналето на Австралијан Опен, Марија Шарапова губи од Жастин Анин со 4-6, 6-1 и 6-4 во единствениот натпревар од годината кој го загубува откако го добива првиот сет.
Марија ја освојува својата прва титула во 2006 и единаесеттата во кариерата на Пацифик Лајф Опен во Индиан Велс, Калифорнија. Шарапова и тогашниот четврти рекет во светот Елена Дементиева се првите две русинки кои стигнуваат во финалето на овој престижен турнир. Шарапова победува со 6-1 и 6-2. Веднаш по овој турнир, Марија е поразена во финалето на турнирот Nasdaq-100 во Мајами од Светлана Кузнецова со 6-4 и 6-3.
Учествува на Ролан Гарос, каде е елиминирана во четвриот круг од Динара Сафина (7-5, 2-6, 7-5). Учествува и на турнирот во Бирмингем, каде загубува во полуфиналето од американката Џамеа Џексон. Втора година по ред Шарапова е елиминирана во полуфиналето на Вимблдон од идната освојувачка Амели Морезмо (6-3, 3-6, 6-2).
Втората титула во 2006 година, Марија ја освојува на турнирот Акура Класик во Сан Диего. Во финалето ја победува Ким Клистерс со 7-5 и 7-5.
Шарапова го започнува УС Опен како трета на ранг-листата на WTA. Bo полуфиналето на турнирот ја поразува Амели Морезмо - тогашниот рекет број 1 - со 6-0, 4-6 и 6-0. Во финалето се сретнува со Жастин Анин. Ја победува со 6-4 и 6-4 и така ја освојува својата втора титула на турнирите од Големата Четворка.
Шарапова го освојува и Цирих Опен после победата над Даниела Хантукова со 6-1, 4-6 и 6-3. Веднаш после тоа победува и во Линц, каде во финалето ја совладува Надја Петрова со 7-5 и 6-2. Тоа е нејзината петта титула во 2006 и вкупно петнаесетта во кариерата.
Годината ја завршува со резултат 59-9 и со најголем број титули на турнирите од прв ранг.
[уреди] 2007
Марија ја започнува 2007 со две финалиња: на егзибицискиот турнир Вотсон Вотерс (каде е поразена во финалето од Ким Клистерс со 6-3 и 7-6(8)) и на Австралијан Опен.
Во првиот круг на Австралијан Опен ја победува 62рата на светската ранг-листа, Камиј Пен со 6-3, 4-6 и 9-7 на температура на воздухот од над 40 степени и на теренот од 50 степени. Во четвртиот круг ја победува Вера Ѕвонарева со 7-5 и 6-4. Во четвртфиналето ја победува Ана Чакветадзе, по што ја совладува Ким Клистерс. Во финалето е поразена од повратничката Серена Вилијамс со 6-1 и 6-2.
- Шарапова има 3 од 5 победи во полуфиналињата на Гренд Слем турнирите
- Шарапова има 3 од 8 победи над другите топ тенисерки во светот (1 од 4 над Амели Морезмо, 2 од 5 над Жастин Анин, 3 од 3 над Светлана Кузњецова)
- Шарапова има резултат 2 од 4 над Серена Вилијамс и 3 од 4 против Ким Клистерс, две тенисерки кои порано биле прво место на WTA листата.
[уреди] Награди
2003
- Прогласена е за дебитант на годината од Женската тениска асоцијација (WTA)
- Најубава спортистка на годината
2004
- WTA играч на годината
- WTA најнапредната играч на годината
- WTA најдобар сервис
- Најубава спортистка на годината
2005
- ESPY најдобра тенисерка
- Наименувана е за најдобра тенисерка на годината од Руската тениска федерација
- Амбасадор на спортовите во Русија
- Најубава спортистка на годината
- Prix de Citron Ролан Гарос
2006
- Најубава спортистка на годината
- Наименувана е за најдобра тенисерка на годината од Руската тениска федерација
[уреди] Занимливости
- Шарапова стриктно се придржува кон сопствениот ритуал пред да сервира. Додека стои на основната линија, тапнува со топчето четири пати, си ги наместува прамените зад ушите и потоа нежно го тапнува топчето уште два пати.
- Контроверзен аспект во играњето кај Шарапова е нејзиното "врискање." Таа е можеби најгласната девојка на тениските терени по Моника Селеш. Шарапова тврди дека тоа е дел од нејзината игра и дека само британскиот печат зборува за тоа. Елена Дементиева ќе се пожали на врискањето после четвртфиналето на Вимблдон. [1] Подоцна на УС Опен, Татјана Головин ќе рече: "Врискањето нема да направи топчето да се движи побрзо."[2]
- Шарапова е добра пријателка со тенисерката Марија Кириленко.[3]
- Пријателите и роднините често ја викаат Шарапова - Маша, деминутивна форма на Марија во рускиот јазик.[4] [5]
- Шарапова ќе го подари рекетот со кој го освои Вимблдон во 2004 на Реџис Филбин за време на снимањето на Во живо со Реџис и Кели.
- Шарапова четири години со ред е прогласувана за "Најубава спортистка на годината" од списанието Максим.
- Омилен дизајнер на Шарапова е Марк Јакобс. Понекогаш може да се види на неговите модни ревии.[6]
- Шарапова е амбидекстрозна. Првобитно играла со лева рака, но подоцна започнала да игра со десна. Понекогаш употребува леворак форхенд на натпреварите.
- Со висина од 1.88m, заедно со поранешната професионалка Линдзи Девенпорт таа е една од највисоките тенисерки во историјата на играта.
[уреди] Цитати
- Најавувачот: И сигурен сум дека сакате да кажете неколку збора (откако ѝ го предава пехарот за второ место на Австралијан Опен 2007)
Марија Шарапова: Малку повеќе отколку што освоив гемови денес.
- 'Мислите ли дека мојот говор беше подобар од мојата игра денес?' (на прес-конференција по поразот во финалето на Австралијан Опен)
- 'Играв против постари појаки конкуренти во текот на целиот мој живот. Тоа ме направи подобра тенисерка и ми овозможи да играм на нивно ниво без разлика на нивната сила и искуство.'[7]
- 'Кога тргнав да го освојувам врвот на женскиот тенис, не реков дека сакам да бидам број 2, туку број 1.'[8]
- 'Јас сум и спортистка и деловна жена.'
[уреди] Финалиња на Гренд Слем во сингл
[уреди] Победи (2)
Година | Шампионат | Противник во финале | Резултат во финале |
2004 | Вимблдон | ![]() |
6-1, 6-4 |
2006 | УС Опен | ![]() |
6-4, 6-4 |
[уреди] Второ место (1)
Година | Шампионат | Противник во финале | Резултат во финале |
2007 | Австралијан Опен | ![]() |
6-1, 6-2 |
[уреди] WTA Шампионат - финалиња
[уреди] Победи (1)
Година | Место | Противник во финале | Резултат во финале |
2004 | Лос Анџелес | ![]() |
4-6, 6-2, 6-4 |
[уреди] WTA Турнеја - титули (18)
[уреди] Синглови (15)
|
|
Број | Дата | Турнир | Подлога | Противник во финале | Резултат |
1. | 29 септември 2003 | Токио, Јапонија | Тврда | ![]() |
2-6, 6-2, 7-6(5) |
2. | 27 октомври 2003 | Квебек, Канада | Тврда | ![]() |
6-2 предадена |
3. | 7 јуни 2004 | Бирмингем, Англија | Трева | ![]() |
4-6, 6-2, 6-1 |
4. | 21 јуни 2004 | Вимблдон, Лондон, Англија | Трева | ![]() |
6-1, 6-4 |
5. | 27 септември 2004 | Сеул, Јужна Кореја | Тврда | ![]() |
6-1, 6-1 |
6. | 4 октомври 2004 | Токио, Јапонија | Тврда | ![]() |
6-0, 6-1 |
7. | 8 ноември 2004 | WTA Шампионат, Лос Анџелес, САД | Тврда | ![]() |
4-6, 6-2, 6-4 |
8. | 6 февруари 2005 | Токио (Пан Пацифик), Јапонија | Тепих | ![]() |
6-1, 3-6, 7-6(5) |
9. | 21 февруари 2005 | Доха, Катар | Тврда | ![]() |
4-6, 6-1, 6-4 |
10. | 6 јуни 2005 | Бирмингем, Англија | Трева | ![]() |
6-2, 4-6, 6-1 |
11. | 18 март 2006 | Индиан Велс, САД | Тврда | ![]() |
6-1, 6-2 |
12. | 6 август 2006 | Сан Диего, САД | Тврда | ![]() |
7-5, 7-5 |
13. | 9 септември 2006 | УС Опен, Њујорк, САД | Тврда | ![]() |
6-4, 6-4 |
14. | 22 октомври 2006 | Цирих, Швајцарија | Тврда | ![]() |
6-1, 4-6, 6-3 |
15. | 29 октомври 2006 | Линц, Австрија | Тврда | ![]() |
7-5, 6-2 |
[уреди] Двојки (3)
- 2003: Јапонија (Партнер: Тамарин Танасугарн) 7-6, 6-0
- 2003: Луксембург (Партнер: Тамарин Танасугарн) 6-1, 6-4
- 2004: Бирмингем (Партнер: Марија Кириленко) 6-2, 6-1
[уреди] WTA Турнеја - второ место (6)
[уреди] Сингл (5)
Број | Дата | Турнир | Подлога | Противник во финале | Резултат |
1. | 2004 | Цирих, Швајцарија | Тепих | ![]() |
4-6, 6-2, 6-3 |
2. | 2005 | Мајами, Флорида | Тврда | ![]() |
6-3, 7-5 |
3. | 2006 | Дубаи, Обединети Арапски Емирати | Тврда | ![]() |
7-5, 6-2 |
4. | 2006 | Мајами, Флорида | Тврда | ![]() |
6-4, 6-3 |
5. | 2007 | Австралијан Опен | Тврда | ![]() |
6-1, 6-2 |
[уреди] Двојки (1)
- 2004: Мемфис (Партнер: Вера Ѕвонарева) 6-4, 7-6
[уреди] ITF титули (4)
[уреди] Синглови (4)
ITF титули по подлога |
Тврда (2) |
Земја (2) |
Трева (0) |
Тепих (0) |
Број | Дата | Турнир | Подлога | Противник во финалето | Резултат |
1. | 21 април 2002 | Гунма, Јапонија | Глина | ![]() |
6-4, 6-1 |
2. | 4 август 2002 | Ванкувер, Канада | Тврда | ![]() |
0-6, 6-3, 6-1 |
3. | 15 септември 2002 | Пичтри Сити, САД | Тврда | ![]() |
6-0, 6-1 |
4. | 11 мај 2003 | Морски острови, САД | Зелена глина | ![]() |
6-4, 6-3 |
[уреди] Заработено пари на WTA турнеите
Година | Големи турнири | WTA победи | Вкупно победи | Заработувачка ($) | Рејтинг по заработувачка |
---|---|---|---|---|---|
2003 | 0 | 2 | 2 | 222,005 | 51 |
2004 | 1 | 4 | 5 | 2,506,263 | 1 |
2005 | 0 | 3 | 3 | 1,921,283 | 5 |
2006 | 1 | 4 | 5 | 3,799,501 | 2 |
[уреди] Белешки
[уреди] Надворешни врски
- Официјална страница на Марија Шарапова
- Резултатите на Шарапова против другите тенисерки
- Sports Illustrated Swimsuit Issue: Марија Шарапова
- Марија Шарапова на tennis.about.com
Претходник: Линдзи Девенпорт Линдзи Девенпорт Жастин Анин |
Светски рекет број 1 22 август 2005 - 28 август 2005 12 септември 2005 - 23 октомври 2005 29 јануари 2007 - 18 март 2007 |
Наследник: Линдзи Девенпорт Линдзи Девенпорт Жастин Анин |
Претходник: Надја Петрова |
WTA најнапреднат играч 2004 |
Наследник: Ана Ивановиќ |
Претходник: Жастин Анин |
WTA играч на годината 2004 |
Наследник: Ким Клистерс |
<noinclude>