Минерални соли
Од Википедија, слободна енциклопедија
Минералните соли (соли на минералите) се неоргански соединенија кои се есенцијални состојки на храната. Застапени се од околу 1 до 1,5% од вкупната маса на организмот. Повеќето од минералните соли се во растворена состојба, наполно дисоцирани на јони, и тоа како катјони (натриум,калиум, магнезиум, калциум итн.) и анјони (хлор, фосфор итн.).Учествуваат во значајни метаболитички процеси, како активатори на ензимите. Тие се и структурни компоненти на молекулите, како хемоглобин, аденозин-три-фосфат, витаминот В12, хормонот тироксин итн. Минералните соли се потребни и за одржување на мембранскиот потенцијал, и за нормална активност на клетката.
Табела: Поважни минерали и нивното значење за организмот
Минерали | Значење и улога | Извор на минерали |
---|---|---|
Са (Калциум) |
Коагулација на крвта, мускулна контракција, формирање на коските и забите | Млеко, млечни производи, месо, зеленчук, житни растенија |
Fe (Железо) |
Синтеза на хемоглобин и транспорт на гасовите кислород и јаглерод диоксид | Црн дроб, лиснат зеленчук, месо |
Ј (Јод) |
Синтеза на хормоните тријодтиронин и тироксин, во регулација на метаболизмот | Морска храна, јодирана готварска сол |
Mg (Магнезиум) |
Активатор на повеќе ензими, функционирање на нервите | Лиснат зеленчук, компири, месо |
Р (Фосфор) |
Формирање на коски и заби, синтеза на АТР и нуклеински киселини | Млеко, месо, јајца, зеленчук |
К (Калиум) |
Функционирање на мускулите и нервите, синтеза на протеини | Зеленчук |
Na (Натриум) |
Најважен минерал во одржувањето на водената рамнотежа, мускулната и нервната активност | Готварска сол |