Нил
Од Википедија, слободна енциклопедија
Нил е најдолгата, а воедно и најполноводната река во Африка. Се образува од Синиот и Белиот Нил. Синиот Нил извира од езерото Тана во Етиопија, додека Белиот Нил од езерата во Уганда и ДР Конго. По својата делта, Нил се влева во Средоземното Море. Египќаните многу ја користат реката Нил за рибарење, транспорт, наводнување итн. Покрај Нил се наоѓаат гробници на важни луѓе од Стариот Египет. По Нил, најдолга река во светот е Амазон во Амазонската прашума.