Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Web Analytics
Cookie Policy Terms and Conditions Праксис школа - Википедија

Праксис школа

Од Википедија, слободна енциклопедија

Праксис школата беше марксистичко-хуманистичко филозофско движење во СФР Југославија, кое беше најзастапено помеѓу професорите на филозофските факултети во Загреб и Белград, во 60-те и 70-тите години на 20-от век. Најпознати претставници беа Гајо Петровиќ и Милан Кангрга од Загреб и Михаило Марковиќ од Белград. Од 1964 до 1974 „Праксисовците“ го објавуваат списанието „Праксис“, кое во тој период се сметаше за едно од водечките во светски рамки во областа на теоретската марксистичка мисла. Исто така, тие ја организираа и познатата Корчуланска летна школа.

Содржина

[уреди] Основни карактеристики

Раскинот на југословенските комунисти со сталинизмот по Резолуцијата на Информбирото ја роди потребата од градење на сопствена идеолошка основа. Во областа на политиката и економијата сопствениот идентитет беше пронајден во теоријата на работничкото самоуправување, додека во областа на филозофијата најпрво беа отфрлени најгрубите симплификации на Сталиновиот дијалектички материјализам, а подоцна, особено по Бледското филозофско советување од 1960, ослободувањето од догматските стеги на дијалектичкиот и историскиот материјализам вклучи критика на многу темелни филозофски ставови на Ленин и на доцниот Енгелс. Станувајќи дел од повторното откривање на делата на младиот Маркс, што се случи во 60-тите години, многумина водечки југословенски филозофи го актуализираа проблемот на праксата и ја претолкуваа филозофијата на Марксовата линија од дијалектички и историски материјализам, кој случувањата и развитокот на човечката историја ги разбира како резултат на сили надвор од човекот, во филозофија на праксата, која ја нагласува улогата на човечкиот фактор во уредувањето и менувањето на човечкото општество.

Предмет на критиката на Праксисовците во прв ред беа: а) однесувањето на југословенската комунистичка власт во типично сталинистички манир и покрај наводната самоуправна ориентација; б) некритичкиот однос кон западниот потрошувачки стил на живеење; в) обидите на власта за пазарни реформи без земање предвид на демократските и социјалистичките принципи на системот; г) национализмот.

[уреди] Списанието „Праксис“

Во 1964 година група недогматски професори од Филозофскиот факултет во Загреб почна да го издава списанието „Праксис“. Самото списание се печатеше во две изданија: југословенско (на хрватско-српски) и интернационално (на англиски и француски јазик). Југословенското издание се печатеше од 1964 до 1974 година, а интернационалното – од 1965 до 1973. Негови основачи беа: Бранко Бошњак, Данко Грлиќ, Милан Кангрга, Гајо Петровиќ, Руди Супек, Данило Пејовиќ и Иван Кувачиќ. Први уредници на списанието беа Петровиќ и Пејовиќ, но во 1966 година, Пејовиќ се повлече од „Праксис“. По неговото повлекување, од 1967 до 1973, уредник на списанието, заедно со Петровиќ, беше Супек. Во 1973 на местото на Супек, како уредник дојде Кувачиќ.

Статиите што беа објавувани во „Праксис“ беа на линија на оживување на креативниот и критичкиот потенцијал на марксизмот и за кратко време му изградија углед на списанието како едно од водечките списанија од областа на критичната марксистичка мисла во светски рамки. Како показател на угледот со кој што се стекна списанието е што помеѓу неговите соработници беа најпознатите тогашни критички марксисти: Ерих Фром, Херберт Маркузе, Ернст Блох, Џерџ Лукач, Лисиен Голдман, Анри Лефевр и други.

[уреди] Корчуланска летна школа

Во периодот од 1964 до 1974 година, со исклучок на 1966 година, Праксисовците организираа летни школи на јадранскиот остров Корчула, на кои предавачи беа врвни светски авторитети како Ернст Блох, Еуген Финк, Ерих Фром, Јирген Хабермас и други. Корчуланската летна школа беше надоврзување на списанието „Праксис“ и овозможуваше, од една страна, размена на искуства на филозофите што предаваа на Школата и ширење на критичкото и недогматско толкување на марксистичката теорија помеѓу слушателите на Школата, од друга страна.

[уреди] Реакцијата на власта

Иако Праксисовците стоеја врз темелите на самоуправниот социјализам, нивното толкување на самоуправниот социјализам не се совпаѓаше со разбирањето на истиот од страна на тогашната владејачка гарнитура, поради што на Праксисовците постојано им се поставуваа пречки. Уредниците и соработниците на „Праксис“ беа напаѓани како „професионални антикомунисти“ и како „непријатели на самоуправниот социјализам“ од страна на режимот и од режимските филозофи. По зголемувањето на репресивноста на системот, до која дојде по случувањата од 1971 година, во 1975 година „Праксис“ престана да добива финансиска поддршка од страна на власта и поради тоа, во недостиг на сопствени извори за негово издавање, списанието престана да се печати.

Истата година, осум универзитетски професори, членови на Праксис школата (Михаило Марковиќ, Љубомир Тадиќ, Загорка Голубовиќ, Светозар Стојановиќ, Миладин Животиќ, Драгољуб Миќуновиќ, Небојша Попов и Триво Инџиќ), врз основа на одлука на Српското собрание, добија откази од Филозофскиот факултет во Белград, каде што дотогаш предаваа.

[уреди] „Праксис интернационал“

Во април 1981 година, во насока на обновување на „Праксис“, во Оксфорд излезе од печат првиот број на „Праксис интернационал“. Негови уредници беа Шила Бенхабиб и Светозар Стојановиќ. Овој потег го поддржаа четворица членови на редакцијата на „Праксис“, Супек, Мрковиќ, Тадиќ и Стојановиќ, додека мнозинството од Праксисовците, предводени од Кангрга, не се согласуваа со потегот, тврдејќи дека интернационално списание со исто или со слично име на „Праксис“ ќе ја намали можноста од повторното негово печатење во Југославија.

„Праксис интернационал“ се печатеше до јануари 1994 година, кога продолжи да се печати како „Констелации: меѓународно списание за критичка и демократска теорија“. Негови уредници се Ендрју Арато и Ненси Фрејзер.

[уреди] Литература

  • Oskar Gruenwald The Yugoslav search for man: Marxist humanism in contemporary Yugoslavia. J.F. Bergin Publishers, South Hadley, MA. 1983.
  • Nebojša Popov (red.) "Sloboda i nasilje: Razgovor o časopisu Praxis i Korčulanskoj letnjoj školi", "Res publica", Beograd, 2003.

[уреди] Надворешни врски

Други јазици
Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu