Пјер Симон Лаплас
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пјер Симон Лаплас (француски:Pierre-Simon Laplace) бил роден во 1749 во Бомон ан Ож (француски:Beaumont-en-Auge). Бил астроном, физичар и математичар. Работел на подрачјето на небесната механика, се занимавал со теоријата на електрицитетот, со капиларноста на течностите и со специфичната топлина на цврстите тела. Познатата Кант-Лапласова теорија за настанокот на Сончевиот систем е објавена во 1798 година. Меѓу главните Лапласови дела се вбројуваат "Небесна механика", "Преглед на историјата на астрономијата". Умрел во Париз, на 5 март 1827.