Русомир Богдановски
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Русомир Богдановски (Ниш, 1948 - ), драмски писател и театарски сценарист. Во 1972 година дипломира драматургија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Магистрира на факултетот за драмски уметности во Белград (1997) со трудот „Комични драмски форми во македонските обреди и обичаи за време на некрстените денови“. Работел како драматург и уредник на редакцијата за драмска програма на МТВ. Сега е професор по филмско и ТВ сценарио на Факултетот за Драмски уметности во Скопје.
Содржина |
[уреди] Драмски текстови
"На заборавениот остров" (1968); "Фарса за храбриот Науме" (1968/1969); "Панургиј" (1969); "Чудото на свети Ѓорѓи" (1971/1979); "Патенталија и Тентелина" (1983); "Ништо без Трифолио" (1986); "Вечерва фалстаф" (1993); "Ноќ спроти Василиј" (1996).
[уреди] Детски Драмски текстови
"Рекламна бајка" (1989); "Чудовиштата во нашиот град" (1990).
[уреди] Филмски и Телевизиски сценарија
"Добра долина" (1973); "Како се сакаа Пертеф и Леонида" (1974); "Нели ти реков" (1976); "Златни години" (1978); "Учителот" ([1980|1980]]); "Време на летала" (1982); "Пасквелија" (1992) и "Life time" (1999).
[уреди] Награди
Награда на Македонскиот народен театар за драмски текст ("Фарса за храбриот Науме", 1970); Специјална награда на ТВ-фестивалот во Блед (за сценарио на ТВ-драмата "Како се сакаа Пертеф и Леонида", 1975); Гран-при на ТВ-фестивалот во Порторож (за сценарио за ТВ-драмата "Учителот", 1981); Награда за најдобар текст на фестивалот за детски театар во Зеница ("Рекламна бајка", 1990).