Срби
Од Википедија, слободна енциклопедија
Србите се јужнословенски народ, кој говори на српски јазик. Нивната бројност е околу 10 милиони луѓе. Најмногу се населени во Србија каде преставуваат мнозинство од населението (околу 7 милиони), потоа големи српски заеднци живеат и во Босна и Херцеговина (Република Српска) околу 1,4 милиони, Хрватска, Црна Гора, Словенија, во западно-европските земји особено Австрија, Германија, Швајцарија, Шведска и во прекуокеанските, особено во САД. Според последниот попис во Република Македонија живеат 35939 Срби или 1,78% од вкупното население.