Хиндуизам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хиндуизмот е најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот. Тој не е една добро дефинирана религија, во смисла на тоа дека содржи повеќе школи на идеи и традициии. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Мнозинството од модерни хиндуси ја следат веданта философијата која е монотеистичка философија, и верува во космичкиот дух наречен Брама, кој е обожаван во многу форми како што се Вишну, Шива и Шакти.
Хиндуизмот е трета најголема религија во светот со отприлика 1 милијарда следбеници, од кои приближно 890 милиони живеат во Индија. За разлика од другите религии, хиндуизмот нема основач.