Јоханесбург
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јоханесбург е најнаселениот град во Јужноафриканската Република и третиот најнаселен град во Африка, по Каиро и Лагос. Жителите му дале прекари на градот, како "Jo'burg", "Jozi" и "eGoli". Јоханесбург е провинциски главен град на провинцијата Гаутенг, најбогатата провинција во ЈАР и место каде се наоѓа уставниот суд на Јужна Африка. Градот е еден од четириесетте најголеми метрополи во светот и единствениот глобален град во Африка (класифициран како во светски град). Иако понекогаш погрешно се смета дека Јоханесбург е главен град на ЈАР, тој не е ни еден од официјалните главни градови на ЈАР (иако Преторија, која е дел од истиот урбан ентитет е главен град).
Јоханесбург е место каде што се одвива голема трговија со злато и дијаманти, како резултат на местоположбата на градот на богатиот со минерали ридски венец Витватерсранд. Аеродромот на Јоханесбург (Меѓународен Аеродром во Јоханесбург) е еден од најголемите и најзафатени аеродроми во Африка и порта за меѓународниот воздушен сообраќај до и од остатокот на Јужна Африка.
Според пописот од 2001 година, населението на градот е повеќе од три милиони. Површината на Јоханесбург е 1,644 km², додека неговата густина на население е само 1,962/km². Населението на целата јоханесбуршка метрополитенска област е единаесет милиони. Дел од овој град е и Совето на југозапад, гратче коешто апартхејдот го оспособи за живеалиште на голем број на мигранти-работници.
Јоханесбург е град-близнак со Њујорк, САД и Бирмингем, Обединетото Кралство.