Microsoft Windows
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Microsoft Windows е фамилија на оперативни системи, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Функционираат на различни типови на платформи како: сервери, персонални компјутери и мобилни уреди. Microsoft најпрво ја претставила оперативната околина наречена Windows во ноември 1985 како надградба на MS-DOS како одговор на растечкиот тренд на графички кориснички интерфејси популаризиран од страна на Apple Macintosh. Microsoft Windows е дојден до степен на доминација во светот на персоналните компјутери, со проценка дека држат околу 90% од светскиот пазар на оперативни системи.
Содржина |
[уреди] Историја
Поради тоа што постарите верзии не се користат во моментот, ќе се задржиме на поновите. Во моментов, најкористена верзија кај персоналните компјутери е Windows XP, пуштен во употреба во Октомври 2001 година, верзија градена врз Windows NT кернел, која го задржува полесниот кориснички пристап од верзиите на Windows 95 и неговите следбеници. Се појавува во две различни верзии, домашна (Home) и професионална (Professional), каде во домашната недостига зголемената сигурност и мрежни карактеристики свејствени за професионалната верзија. Во април 2003, бил претставен Windows Server 2003, кој ја заменува серијата на серверски продукти Windows 2000, со голем број на нови карактеристики и зголемена важност на сигурноста. Во исчекување сме на појавувањето на новите производи Windows Vista и Windows Server Longhorn, наследниците на Windows XP и Windows Server 2003, соодветно. Иако првични верзии на Windows Vista се пуштени за проба кај корисниците, нивниот развој сеуште не е на задоволително ниво за да бидат пуштени на пазарот.
[уреди] Интерфејс
Најочигледната карактеристика на Windows оперативните системи е прозорецот кој претставува контејнер за други графички објекти. Обично овие прозорци содржат статусна лента, лента за наслов, копчиња за минимизирање, максимизирање и затворање на прозорецот, како и системско мени (кое исто така се нарекува windows мени или контролно мени). Друга карактеристика воведена од Windows 95 и NT 4.0 е така наречениот десктоп (или работна површина), која содржи различни икони кои корисникот може да ги отвора со двоен клик. Копчето Start или старт менито, прикажено на работната лента (или task bar) која обично се наоѓа на долниот дел на работната површина, овозможува пристап на кориснивите до инсталираните програми и други карактеристики на оперативниот систем. Благодарение на овие карактеристики, Windows овозможува лесно изведување на вообичаени, стандардни работи и задачи, од кои некои можат да бидат и многу комплексни, со многу малку познавање на компјутери.
[уреди] Широко распространета употреба
Оперативниот систем Microsoft Windows е инсталиран на поголемиот дел персонални компјутери, токму поради неговата лесна употреба за обичните корисници. Според некои анкети, околу 90% од корисниците ги користат десктоп оперативните системи на Microsoft. Microsoft постигнал огромен успех на пазарод благодарение на доминацијата на MS-DOS во раните години на персоналните компјутери. Исто така е прва платформа за Microsoft Office пакетот и за не-конзолни компјутерски игри. Во минатото, компании кои сакале да бидат во компјутерскиот бизнис морале да создадат сопствен оперативен ситем (како што се Amiga, BBC Micro или ZX Spectrum) или да одберат друг оперативен систем - ексклузивна лиценца со еден продавач било многу поефтино отколку да се развие и поддржи нов оперативен систем и софтверска база. Благодарение на договорите за лиценци што ги има Microsoft со многу компјутерски фирми, Windows често доаѓа веќе инсталиран на повеќето компјутери, што го прави предефиниран или единствен избор за повеќето корисници. За некои потрошувачи, Windows е единствениот валиден избор за компјутерска околина, или е наметнат од нивната работна околина. Исто така, тоа што корисниците не се запознати со други оперативни системи резултира со недостаток на желба за да се префрлат на друг оперативен систем. Значаен процент од компјутерските корисници едноставно немаат доволно техничко познавање за да инсталираат оперативен систем. И конечно, големата база на софтвер достапна исклучиво за фамилијата на Windows оперативните системи е најголемата причина за популарноста на Windows. Во последните години, многу компании почнале да произведуваат софтвер само за Windows, што е поттикнато од фактот дека веќе постојат голем број на корисници. Како последица на тоа што многу компании го поддржуваат единствено Windows е уште една причина за корисниците да го одберат Windows. Одржувањето на компатибилноста во новите верзии на Windows со големата колекција на софтвер дизајниран да работи на постари верзии на Windows, одзема голем дел од ресурсира на тимот за развивање на Windows.
[уреди] Безбедност
Безбедноста е најголема слабост на Windows со години, дури и самиот Microsoft бил жртва на хакерски упади. Поради огромното користење на Windows оперативниот систем кај персоналните компјутери, многу креатори на “злобни“ програми го земаат токму него како цел наместо помалку користените оперативни системи како што се Linux, Unix, Mac OS X, итн. Windows првично бил дизајниран за полесно користење на еден персонален компјутер без мрежна врска, така што не содржел безбедносни карактеристики вградени во него. Windows NT и неговите наследници се дизајнирани за безбедност кај компјутери во мрежа и повеќе кориснички персонални компјутери, но не и за заштита од Интернет бидејќи во периодот кога биле дизајнирани Инернетот не бил од голема важност. Сето тоа искомбинирано со повремена појава на грешки во кодот, Windows е честа мета на пишувачи на црви и вируси. Понатаму, се до Windows Server 2003 повеќето верзии дури и на Windows NT биле продавани со предефинирано исклучени важни безбедносни карактеристики, додека ранливи, иако корисни, системски сервиси биле предефинирано уклучени. Microsoft јавно ги признаа многуте безбедносни проблеми веднаш по доаѓањето на новиот милениум, и тврдат дека безбедноста ја сметаат за прашање од најголем приоритет. Потребниот Automatic Update прв пат бил вклучен во Windows Me. Kако резултат, Service Pack 2 за Windows XP, како и за Windows Server 2003, многу ја зголемиле безбедноста на оперативните системи. Microsoft пуштаат во употреба безбедносни пакети преку Windows Update сервисот, приближно еднаш месечно (обично вториот Вторник од месецот), иако критични надоградувања се достапни на пократки временски периоди кога тоа е потребно. Во Windows 2000, Windows Ме, Windows ХР и Windows Server 2003, надоградувањата автоматски може да се симнат и инсталираат ако корисникот го подеси така. Како друг чекор во однос на безбедноста, Microsoft издадоа бета верзија на Windows Defender (порано Windows AntiSpyware и Giant AntiSpyware), бесплатна програма дизајнирана да штити од несакан софтвер, која генерално била добро примена. Корисниците на Windows ХР можат да ја симнат програмата бесплатно од веб страната на Microsoft, и најавуваат дека оваа програма ќе биде вклучена како дел од нивната нова верзија на Windows што допрва официјално треба да се издаде – Windows Vista.
-By TRulz
[уреди] Надворешни линкови
Официјални