Артилерија
Од Википедија, слободна енциклопедија

Артилерија е род од војската чие основно вооружување се топовите. Сите воени орудија што му нанесуваат удари на непријателот од голема далечина всушност претставуваат артилерија. Ракети за против-воздушна одбрана исто така спаѓаат под категорија на артилеријата.