Галилео Галилеј
Од Википедија, слободна енциклопедија
Галилео Галилеј (италијански: Galileo Galilei) (15 февруари 1564, Пиза - 8 јануари 1642, Арчетри), е тоскански астроном, философ и физичар кој е поврзуван со научната револуција.
Еден од неговите најголеми достигнувања е телескопот. Меѓу останатите негови достигнувања се и откривањето на првиот и вториот закон за движењето и промоција на Коперниковите погледи за поставеноста на соларниот систем. Често Галилео е нарекуван и татко на модерната астрономија, или татко на науката.
Поради своите откритија доаѓа во судир со Инквизицијата, при што е принуден да се откаже од своите ставови.