Големите езера
Од Википедија, слободна енциклопедија
- Оваа статија е за групата на северноамерикански езера. За африканските езера, видете Африкански големи езера. За други значења видете Големи езера (појаснување).
Големите езера се група на пет големи езера во Северна Америка на или блиску до границата помеѓу Канада и САД. Тие се најголемата група на слатководни езера на Земјата. Системот Големи езера-Сент Лоренс е најголемиот слатководен систем во светот. Тие понекогаш се нарекуваат внатрешни мориња.
[уреди] Езера
Големите езера се:
- Горно Езеро (најголемо по волумен и најдлабоко, поголемо од Шкотска или Јужна Каролина)
- Мичиген (второто најголемо по волумен и трето најголемо по површина; единственото кое се наоѓа само на територијата на САД)
- Хјурон (третото најголемо по волумен; второ најголемо по површина)
- Ири (најмалото по волумен и најтрсковито)
- Онтарио (второто најмало по волумен и најмало по површина, на многу пониска елевација отколку останатите).



Езерата Мичиген и Хјурон, хидролошки поврзани, понекогаш се сметаат за еден ентитет: езеро Мичиген-Хјурон. Заедно, овие езера се поголеми по површина од Горното Езеро, но помали по вкупен воден волумен.
Многу помалото шесто езеро, Сент Клер, е дел од системот на Големите езера и се наоѓа помеѓу езерото Хјурон и Ири, но не се смета за едно од "Големите езера". Овој систем исто така ги вклучува реките кои ги поврзуваат езерата: Сент Мерис помеѓу Горното Езеро и Хјурон, Сент Клер помеѓу Хјурон и езерото Сент Клер, Детроит помеѓу езерото Сент Клер и Ири, и Нијагара и Нијагарините Водопади помеѓу Ири и Онтарио. Езерото Мичиген е поврзано со Хјурон преку протокот Мекинак. Големи острови и еден полуостров го делат Хјурон на самото езеро и Џорџискиот Залив.
Езерата се опколени со териториите на покраината Онтарио (освен езерото Мичиген), потоа сојузните американски држави Минесота, Висконсин, Мичиген (освен езерото Онтарио), Илиноис, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк. Четири од петте езера се протегаат долж границата меѓу САД и Канада; петтото езеро Мичиген е целосно на територијата на САД. Реката Сент Лоренс, која ја обележува истата меѓународна граница во еден дел од својот тек, е примарен излез на овие поврзани езера и тече низ Квебек, го поминува полуостровот Гаспе и се влева во Атлантскиот Океан.
Има околу 35,000 Големоезерски Острови распрскани низ езерата, вклучувајќи ги островот Манитулин во езерото Хјурон, најголемиот остров во било која копнена водена површина на Земјата, и островот Ројал во Горното Езеро, најголемиот остров во најголемото езеро.
![]() |
Африка | Западна · Источна · Јужна · Северна · Централна | |
---|---|---|---|
![]() |
Америка | Јужна · Кариби · Латинска · Присеверна · Северна · Централна | |
![]() |
Азија | Западна · Источна · Југоисточна · Јужна · Северна · Централна | |
![]() |
Европа | Западна · Источна · Јужна · Северна · Централна | |
![]() |
Океанија | Австралазија · Меланезија · Микронезија · Полинезија | |
|
|||
![]() |
Поларни | Антарктик · Арктик | |
![]() |
Океани | Атлантски · Индиски · Јужен · Северен · Тихи |