Гордон Олпорт
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гордон Вилард Олпорт (11 ноември 1897 - 9 октомври 1967) е американски психолог.
Роден е во Индијана, САД, а растел во Кливленд заедно со неговите тројца браќа. Дипломира во 1919 година. Една година поминува во Истанбул каде што предава социологија и англиски јазик. Потоа се враќа на Харвард и таму полага дополнителни испити за да стане доктор по психологија во 1922 година. Понатаму се усовршува во Берлин, Хамбург и Кембриџ. Откако ќе се врати од Европа ќе стане професор на одделението за социјална етика на Харвард. Тој не само што придонел подобро да се разбере личноста туку придонел во однос на социјалната психологија особено со изучување на однесувањето. Една година пред неговата смрт именуван е за прв Ричард Кабот професор за социјална етика.
Олпорт го истакнува квалитативното изучување на секој случај индивидуално и ја истакнува свесната мотивација.
Тој смета дека цртите ја одредуваат личноста на индивидуата. Исто така цртите ја мотивираат односно ја поттикнуваат личноста на активност.
Главна цел на секоја личност е постигнувањето на внатрешна рамнотежа односно единство.