Жаба
Од Википедија, слободна енциклопедија
Жаби | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Вајтова главеста жаба (Litoria caerulea)
|
|||||||||||
Научна класификација | |||||||||||
|
|||||||||||
|
|||||||||||
Archaeobatrachia Mesobatrachia Neobatrachia |
Жабата е водоземец од редот Анура (Anura), односно безопашести водоземци. Возрасните жаби се карактеризираат со долги задни нозе, кратко тело, вмрежени прсти, очи што штрчат и недостаток на опашка. Големината им варира од 10 mm (Psyllophryne didactyla од Бразил и Eleutherodactylus iberia од Куба) до 300 mm (Conraua goliath од Камерун). Повеќето жаби живеат во плитки водени површини, но исто така лесно се движат и на земја со скокање или качување. Вообичаено жабите ги несат јајцата во бари, мочуришта или езера, и нивните ларви, наречени полноглавци, имаат жабри и се развиваат во вода. Возрасните жаби имаат месојадна исхрана, најмногу со членконоги, црви и мекотели. Жабите се најзабележливи преку нивните звучни повици, кои можат да се слушнат за време на нивната сезона за парење.
Распространетоста на жабите варира од тропските до субарктичките региони, со најголем број на видови во тропските дождовни шуми. Со повеќе од 5,000 опишани видови, тие се меѓу најразновидните групи на 'рбетници. Сепак, намалувањето на популацијата на некои видови на жаби дава многу причини за загриженост.
Често се прави разлика помеѓу жабите и краставите жаби на основа на нивниот изглед, но оваа разлика нема таксономска издржаност. Единствената фамилија на која екслузивно ѝ е дадено името „крастава жаба“ е Bufonidae, но многу видови од други фамилии исто така се нарекуваат „крастави жаби“, и видовите во рамките на видот крастави жаби Atelopus се нарекуваат и „арлекински жаби“.
Редот безопашести водоземци (Anura) е првпат класифициран од страна на Блазиус Мерем (1761-1824) во 1820.