Индира Ганди
Од Википедија, слободна енциклопедија
Индира Ганди (19 ноември 1917 - 31 октомври 1984) била индиски премиер и истакната лидерка на Движењето на неврзаните. На чело на Индија доаѓа по смртта на премиерот Шастри во 1966 и е премиер се` додека не била поразена во изборите во 1977 по што била принуена да поднесе оставка. Меѓутоа во 1980 година триумфално се вратила на чело на Индија. На 31 октомври 1984 била убиена пред својата резиденцијата во Њу Делхи, од двајца припадници на нејзината лична гарда.
Ќерка на првиот индиски премиер, Џавахарлал Нехру, Индира Ганди иако го имала истото презиме како Махатма Ганди (политичар кој помогнал во остварување на индиската независност), не биле роднини.