Њу Делхи
Од Википедија, слободна енциклопедија
Њу Делхи (хинду: नई दिल्ली), урбана област во општината Делхи, е главен град на Индија и седиштето на владата на Индија. Тој е една од трите општински корпорации на Националната Главна Територија Делхи.
[уреди] Администрација
Од 2005 година, владината структура на Општинскиот совет на Њу Делхи вклучува претседател, три члена од од Законодавното собрание на Њу Делхи, два члена номинирани од премиерот на Њу Делхи и пет члена номинирани од централната влада. Сегашен премиер е Шеила Дикшит.
[уреди] Знаменитости
Њу Делхи е просторен, отворен град кој има многу владини згради и амбасади. Исто така тој поседува и места од историски интерес. Важни атракции на Њу Делхи се Раштрапати Бхаван, едновремената империјална резиденција на британските вајсројси; потоа Портата Индија, споменик подигнат во чест на индиските војници убиени за време на авганистанските и другите околни војни; храмот Лаксминарајан, изграден од Бирласите, една од водечките индиски индустриски фамилии; сваминарајанскиот Акшардхам храм; Гробот на Хумајун; Пурана Квила, изградена од Хумајуните, со подоцнежни модификации на Шер Шах Сури; Тугхлаквабад, најпознатото пристаниште на Делхи; Кјутаб Минар, изграден од Кјутб-уд-дин Ајбак од Династијата на Робовите; Бахајска Куќа на Обожување итн.