Историја на ФИФА Светско Првенство
Од Википедија, слободна енциклопедија
Историјата на ФИФА Светските Првенства започнува од 1930 година. На првиот турнир учествуваат само 13 поканети земји. Денес, светските првенства се третираат како глобален феномен и вклучуваат повеќе од 200 натпреварувачки земји кои учество на турнирот бараат низ двогодишен квалификациски циклус.
Првото светско првенство е одржано во Уругвај, земјата која успева и да го освои првиот трофеј по победата над Аргентина со 4:2. Личноста која е најзаслужна за основањето на Светското првенство е французинот Жил Риме (Jules Rimet), поради што од 1950 година, титулата што му се доделува на светскиот шампион го носи неговото име - тоа е златен пехар со тежина од 1.8 килограми, направен од чисто злато. Во 1970 година, Бразил како трикратен освојувач го добива трофејот во трајна сопственост, но него го чува во своите витрини само до 1983 година кога истиот е украден. Во 1971 година претставен е новиот, уште поспектакуларен пехар, едноставно наречен ФИФА Светски Шампионат. Направен од 18 каратно злато, овој пехар со висина од 36cm и тежина од 5kg е дело на италијанскиот дизајнер Силвио Гацанини и е проценет на преку 10 милиони долари вредност. Победникот на секое светско првенство добива идентична позлатена реплика, чија изработка чини повеќе од 50.000 долари.
[уреди] Победници на Светските Првенства низ историјата
- Повеќе информации: Домаќини на Светските Шампионати
[уреди] Белешки
- ↑ Во 1930 година не се игра натпревар за трето место; САД и Југославија беа поразени во полуфиналињата.
- ↑ 2,0 2,1 Во 1950 година не се одржува официјален финален натпревар. Победникот на турнирот е одлучен после натпреварите по група меѓу четирите најдобри учесници (Уругвај, Бразил, Шведска и Шпанија). Победата на Уругвај над Бразил со 2-1 (во натпреварот познат како Мараканацо) е одлучувачкиот натпревар на Светското Првенство, а случајно е и еден од двата последни натпревари на шампионатот, поради што тој се смета за финале на Светското Првенство од 1950 година. Слично, победата на Шведска над Шпанија со 3-1 им овозможува на Швеѓаните да го освојат третото место (натпреварот се игра истовремено со таканареченото финале).
[уреди] Надворешни врски
Светско Првенство во Фудбал | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Уругвај 1930 | Италија 1934 | Франција 1938 | Бразил 1950 | Швајцарија 1954 | Шведска 1958 | Чиле 1962 | Англија 1966 | Мексико 1970 | Западна Германија 1974 | Аргентина 1978 | Шпанија 1982 | Мексико 1986 | Италија 1990 | САД 1994 | Франција 1998 | Кореја/Јапонија 2002 | Германија 2006 | Јужна Африка 2010 | Јужна Америка 2014 | 2018 |