Карлсруе
Од Википедија, слободна енциклопедија
Карлсруе е град во југозападна Германија кој припаѓа на Баден-Виртемберг. Се наоѓа во близина на француско-германската граница.
Најголемата рафинерија за нафта во Германија се наоѓа во Карлсруе, во западниот дел на градот, на реката Рајна.
Карлсруе е познат како интернетскиот главен град на Германија, бидејќи два познати интернет провајдери се наоѓаат во градот.
Technologieregion Karlsruhe е конфедерација на градовите од регионот за промовирање на високотехнолошки индустрии; денес, околу 20% од работите во регионот се состојат од истражување и развиток кои даваат добра основа за висока технологија.