Кутлеш
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кутлеш (грчки: Κούτλες, турски Kütles) е село кое се наоѓа во егејскиот дел на Македонија во Солунското поле, во непосредната околина на градот Солун (денес во рамките на Република Грција). Денеска тоа претставува мало гратче со околу 2 илјади жители. Денешниот грчки назив за Кутлеш е Βεργίνα (Вергина). Всушност, неговото име е променето од Кутлеш во Вергина по 1922 година кога низ цела Егејска Македонија па и во ова место се доселуваа грчко население од делови на Турција и Бугарија и од други места, за сметка на протераното македонско православно и муслиманско, како и турско и друго население, а посебно по договорот од Лозана [1].
[уреди] Ѕвездата од Кутлеш, македонски национален симбол
Во 1977 година, во Кутлеш, после археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос беше откриен гроб за кој се претпоставува дека е од таткото на Александар Македонски, Филип II Македонски. На истото место беше пронајден и древниот македонски симбол шестнаесетзрачното сонце или познато како Ѕвездата од Кутлеш (Ѕвездата од Вергина). Инаку овој симбол може да се види и на многу други места низ Македонија, цркви, фрески, икони, монети итн. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано насекаде кадешто живеат етнички Македонци, а од неодамна е ставен и на официјалниот грб на Општина Пустец во Република Албанија каде што живее бројна македонска заедница.[се бара извор]
Види уште Етничкото македонско знаме
Користејќи го фактот што денес Кутлеш се наоѓа во рамките на Грција, некои грчки националисти го злоупотребуваат овој древен македонски симбол ставајќи го на сина основа и претставувајќи го како симбол на т.н. Грчка Македонија, го користат во ширењето со своите антимакедонски пропаганди.