Филип II Македонски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Филип II Македонски (382-336 п.н.е.), Крал на Македонија (владеел 359-336 п.н.е.), е таткото на Александар Македонски со Олимпијада, и на Филип III Аридеј. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава. (види исто: Античка Македонија)
Содржина |
[уреди] Раните години
Роден во Пела во 382 год. п.н.е., тој бил најмладиот син на Аминта III и кралицата Евридика. Во младоста (околу 368-365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки град во Грција во тоа време. За време на својот престој се здобил со грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал. Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да седне на македонскиот трон во 359 п.н.е.. Оригинално назначен за регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, тој ќе успее целосно да ја превземе власта.
[уреди] Реформи и походи
Наскоро по доаѓањето на власт извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонесле Македонија да стане регионална сила. Најпрвин, во 358 п.н.е. го скршил отпорот на локалните племиња и Филип ја проширил својата власт до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја завземал aтинската колонија, Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон (словенско име Пајак). Усовршувајќи го ковањето на парите, тој ја зацврстил македонската монета и таа веќе се употребувала во цела Грција. Во 357 п.н.е. се оженува со Епирската принцеза Олимпија. Во 355 п.н.е. Филип II го освојува Кренид, и го преименува градот во Филипи. Тој истотака ги нападнал Абдера и Маронеја, на тракискиот брег. Во 354 п.н.е. го освојува атинската колонија Метон, при што ќе го изгуби едното око.
Првиот посериозен отпор што го искусил Филип II бил од Атињаните во Термопиле, 352 п.н.е.. Во таа година Филип ја освоил Тесалија. Тој ја поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во Грција, со цел да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на Филип на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги промовира македонските интереси во политичкиот живот во Грција. Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продира јужно, туку ќе ги освојува источните региони достигнувајќи до реката Хебрус (словенско име Марица).
Во 349 п.н.е. Филип II ја започнува опсадата над античкиот град Олинт, првобитен македонски сојузник, кој подоцна ќе склучи сојуз кон Атина. Атињаните не направиле ништо да го спасат градот и тој во 348 п.н.е. е срамнет со земја. Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија. Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир. Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, Македонските војски преку Епир навлегле на северозапад се до Јадранско Море. Во 342 п.н.е. Филип превзел успешен поход против Скитите на север.
[уреди] Коринтската лига
Во 340 п.н.е. го освоил Перинт а во 339 п.н.е. Визант со што империјата достигнува до Црно Море. Подоцна пак се вратил кон неговата стара цел - освојување на Грција. Во битката кај Херонеја во 338 п.н.е. Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани, и им подигнал споменик на Тебанците поради нивната храброст. Во 337 п.н.е. на конгресот на грчките градови во Коринт, сите тие, освен Спарта, решиле да ја формираат Коринтската Лига, раководена од Филип II Македонски. Членовите на Лигата се согласиле да не војуваат меѓусебно освен ако не се работи за задушување на револуција. Филип бил избран за водач (хегемон) во походот што планирал да го превзеде против вековниот грчки непријател - моќната Персија. Имајќи ја безрезервната поддршка на грчките држави, започнал големи воени подготовки, но во времето на нивниот тек во 336 п.н.е. бил убиен во заговор на дворецот (најверојатно од неговиот љубовник Павсаниј).
[уреди] Видете исто така
[уреди] Врски
- Филип 2-ри Македонски (англиски)
Кралеви на Античка Македонија | |
Каран | Коин | Тирима | Пердика I | Аргеј I | Филип I | Аероп I | Алкет I | Аминта I | Александар I | Пердика II | Архелај I | Кратер | Орест | Архелај II | Аминта II | Павсаниј | Аминта III | Аргеј II | Аминта III | Александар II | Птоломеј I | Пердика III | Аминта IV | Филип II Македонски | Александар III Македонски | Антипатар | Филип III Аридеј | Александар IV | Пердика | Антипатар | Полиперхон | Касандар | Касандар | Филип IV | Александар V | Антипатар II | Деметриј I Полиоркет | Лизимах | Пир Епирски | Птоломеј II Керан | Мелегер | Антипатар II Етезиј | Состен | Антигон II Гонат | Деметриј II Етолик | Антигон III Досон | Филип V | Персеј |