Моларен волумен
Од Википедија, слободна енциклопедија
Моларен волумен е волумен кој го завзема еден мол супстанција. Единица за молски волумен во SI е m3/mol. Моларниот волумен се пресметува во одредени услови, обично при стандардни услови:
каде што:
- Vm = V/n - моларен волумен (V - волумен; n број на молови во супстанцијата)
- M - атомска маса (единица kg/mol, а во праксата се користи g/mol)
- ρ - густина (единица kg/m3).
Моларниот волумен на цврстите тела и течностите зависи од температурата скоро до критичната точка. За течностите и цврстите тела, моларните волумени најчесто се мерат во подединиците cm3/mol или dm3/mol (на пример, за водата: 18 cm3/mol = 0,018 dm3/mol = 0,000018 m3/mol).
Кај гасовите, моларниот волумен се менува со зголемувањето на температурата:
- pVm = RT
откаде:
каде што:
- p - притисок
- R - универзална гасна константа
- T - температура