Партизан
Од Википедија, слободна енциклопедија
Партизан е член на воена формација која војува на партизански (герилски) начин, формирана за да се спротистави на контролата на странска сила или окупациска армија. Партизанците исто така може да се наречат и герила, или - зависно од гледната точка, дури и терористи. Терминот може да се употреби за теренскиот елемент на движењата за отпор против нацистичката доминација во повеќе земји во текот на Втората Светска војна, или за оние сили кои по војната се бореле против советската власт во Источна Европа, или за про-комунистичкиот Виетконг кој се борел против режимот на француските колонијалисти и подоцна против Република Виетнам (поддржана од САД).