Португалски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Португалски јазик (Português) | |
---|---|
Се зборува во: | Ангола, Бразил, Португалија, Мозамбик и неколку други држави. |
Општ број на говорници: | 220 милиони |
Рангиран на: | 6 место |
Класификација: | Индоевропски Италски |
Писмо: | латиница |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | Португалија, Европска Унија, Бразил и некои други земји |
Контролиран од: | Меѓународен португалски јазичен институт |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | pt |
ISO 639-2 | por |
SIL | por |
Португалскиот јазик (português ) е романски јазик од индоевропската фамилија. Потекнува од областа Галиција (во Шпанија и северна Португалија). Тој е официјален јазик на Ангола, Бразил, Гвинеја-Бисао, Зелено'ртските Острови, Мозамбик, Португалија и Сао Томе и Принсипе, а е коофицијален со кинескиот јазик во градот Макао во Кина и Тетум во Источен Тимор.
Португалскиот јазик често се нарекува "јазикот на Камоеш", по авторот на португалската национална епска поема Лузитанци; потоа "последниот цвет на Латинум" (од Олаво Билак) и "слаткиот јазик" од страна на Мигуел де Сервантес.
Португалскиот јазик се зборува и во Андора, Луксембург, Намибија и Парагвај.