РНК
Од Википедија, слободна енциклопедија
РНК или рибонуклеинска киселина е нуклеинска киселина изградена од една полинуклеотидна низа. Рибонуклеинските нуклеотиди содржат:
- Јаглехидрат - рибоза
- Азотни бази:
- Пурински - аденин (A) и гванин (G)
- Пиримидински - урацил (U) и цитозин (C)
- Фосфорна киселина.
РНК молекулот се синтетизира на калапот од една ДНК низа (оттука и сличноста со ДНК). Според тоа, РНК - низата содржи комплементарен распоред на нуклеотидите во однос на матичната ДНК полинуклеотидна низа. Молекулите на РНК се доста различни. Така, во различни клетки на еден ист организам, па дури и во една клетка, застапени се различни видови на РНК. Во зависност од некои структурни особености и нивната специфична функција, се разликуваат повеќе видови на РНК:
- Рибозомска РНК, (r-RNA) - ја претставува главната маса на РНК во клетката, бидејќи е застапена со повеќе од 50% од вкупната РНК во клетката. Служи за изградба на рибозомите (откаде и името доаѓа), а се синтетизира во хромозомите на јадрото.
- Транспортна РНК, (t-RNA) - служи за транспорт на одделните амино киселини до рибозомите во цитоплазмата. Се синтетизира од ДНК низата.
- Информациона РНК, (i-RNA) - служи за пренесување на генетичката информација од гените до цитоплазмата, за да се упати редоследот на амино киселините (во процесот синтеза на протеини). Се синтетизира од ДНК низата. Бројот на i-RNA молекулите е приближно еднаков на бројот на протеинските молекули кои клетката ги синтетизира.