Тибар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тибар (ита. Tevere), трета по должина река во Италија со 406 km, по Поа и Адиџе, тече низ Рим во правец од планината Фумајоло до Тиренското море, во кое се влива во два слива: еден низ предградијето Остија на југ, а вториот ни Фијумиџино на север. Сливот на Тибар е околу 18.000 km².
[уреди] Име
Името Тибар веројатно е од пре-латинско потекло, како и римскиот назив Tibur (денес Тиволи). Според митските приказни, кралот Тиберние, деветти од легендарните кралеви на Алба лонга, се удавил во реката Албула, која потоа била преименувана во Тибат. Овој мит можеби може да го објасни сеќавањето на раниот пред-индоевропски назив на реката, 'бела' од седименти.
[уреди] Историја
Градот Рим бил основан на брегот на Тибер околу 25 км од морете во Остија. Според легендите, браќата близнаци Ромул и Рем биле оставени на брегот на Тибар, каде ги спасила волчица.
Реката ја означува границата меѓу земјата на етрурците на запад, сабините на исток и латините на југ. Бенито Мусолини, роден во Ромања, ја прилагодил границата меѓу Тосканија и Емилија-Ромања, така да изворот на Тибар лежи во Ромања. Мусолини поставил антички Римски столб на местото каде извира реката, со изгравирано QUI NASCE IL TEVERE SACRO AI DESTINI DI ROMA ("Овде е роден Тибар, свет за судбината на Рим").
Тибар бил од круцијална важност за Римската трговија, бидејќи бродовите можеле да стигнат до 100 км низводно; постојат докази дека бил користен за пренос на жито од Val Teverina уште во 5-от век п.н.е.Подоцна бил користен за превоз на камен, дрво и преграмбени производи до Рим.
За време на пунските војни од 3-от век п.н.е., пристаништето во Остија станало клучна поморска база. Подоцна станало најбитното пристаниште на Рим, каде се увезувало жито, маслиново масло и вино од Римските колонии во медитеранот. Пристаништа биле градени и по брегот во самиот Рим. Римјаните ја поврзале реката со канализацискиот систем (Cloaca Maxima) со подземна мрежа на тунели и други канали, за да донесат вода до средината на градот.
Големата седиментација на реката го отежнало одржувањето на остија, па императорите Клаудиус и Трајан направиле ново пристаниште во Fiumicino во првиот век. Тие изградиле нов пат, via Portuensis, за да го поврзат Рим со Fiumicino. Двете пристаништа биле подоцна напуштени.
Тибар бил познат по своите изливи и поплави - Campus Martius редовно се потопувала до длабочина од неколку метри.
[уреди] Препливајќи го Тибар
Бидејќи реката е поврзана со Рим, терминот „пливајќи го Тибар“ станал протестантски назив за премин кон Римски Католицизам.