Фридрих Ниче
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фридрих Вилхелм Ниче (15 октомври 1844 - 25 август 1900) бил многу влијателен германски философ, филолог и психолог.
Ниче на некој начин бил маскиран романтичар кој постојано осцилирал на работ на лудилото. Зад себе оставил исклучителни дела со далекусежно влијание. Тој е еден од главните втемелувачи на "Lebens-philosophiae" (философија на животот), која доживува воскрснување во "духот на нашето време".
Фридрих Ниче е роден во градот Рекен (Лицен), во протестантско семејство со потекло од Полска (грофови Нички). Почнал да студира теологија, но подоцна се запишал на класична филологија. По брилијантно завршените студии, Ниче извесно време, додека не се разболел, бил професор во Базел. Потоа се лекува и пишува, живее на италијанската и француската ривиера. По парализата, тој последните 11 години од животот ги поминува со потполно помрачена свест, а за него се грижеле мајка му и сестра му.
Инаку, негови најпознати дела се: Раѓањето на трагедијата, филозофската поема Така зборуваше Заратустра (која по првичната замисла требало да се вика "Волја за моќ, обид за превреднување на сите вредности"), иморалистичкиот запис и предигра на филозофијата на иднината со наслов Од другата страна на доброто и злото, потоа Генеологија на моралот, Антихрист, автобиографскиот есеј Ecce Homo и збирката Волја за моќ. Неспорни се влијанијата на Ниче на филозофијата на животот, идните егзистенцијалистички мислители, психоаналитичари, како и на некои писатели, како што се Август Стриндберг, Џорџ Бернард Шо, Андре Жид, Ромен Ролан, Албер Ками, Мирослав Крлежа и други.
Натчовек
Моралот на силните ce рaзликува oд морaлoт нa слабите, и затоa сите вреднoсти треба дa се преиспитувaaт.Oд вakвиот стaв Ниче гo пoствува идеалот нa нoвиот чoвek - Натчовek.
Oд животот
Moра да ce cпoмне и фактот декa Hиче на некоја важна свеченост, сe појавил гол во полна ерекција и трчал наоколу извикувајќи " Јас сум Дионис!"