Јован Владислав
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јован Владислав е цар кој владеел со Самуиловото царство во денешна Република Македонија и во делови од Бугариjа, Албанија, Србија и Грција од 1015 до 1018 година. Син е на Арон, брат на Самуил. Макар што Владислав номинално ja признал власта на Византиjа, набргу дошло до разидување меѓу двата владетели и воjската на Василиj во 1016 година ja пустоши Пелагониjа, ги опседнува Струмица и Перник и ocвojyвa неколку тврдини. На самиот почеток на 1018. Joван Владислав бил убиен при опсадата на Драч, а неговата вдовица со децата и соработниците им се предала на Василиј II Бугароубиец. Државата на Самуил престанала да постои.
Во Бугарија Јован Владислав се смета за бугарски цар.
[уреди] Натписот на Јован Владислав
Главна стаија: Битолски натпис
Натпис врз плочата на цар Jован Владислав,според читањето на Заимов и Мошин:
„Во 6523 година од сотворението на светот се обнови таа крепост sидана и правена од Јоан самодржец Болгарски и со помошта и со молитвите на пресветата владичица наша Богородица и застопувањето на врховните апостоли таа крепост беше направена за убежиште и за спасување и за животот на Болгарите. Започната беше крепостта Битола во месец октомври во 20 ден, а се заврши во месец ... во крај. Тој самодржец беше Болгарин по род внука на Никола и Рипсимија благоверните, син на Арон, кој е брат на Самуил цар самодржавен и кој двајцата ја разбија во Штипон грчката војска на Цар Василиј каде беше земено злато ... а този в ... цар бидува разбиен од Цар Василиј во /6522 година од сотворението на светот во Клуч и почина во крај на летото."
Според проф. Horace Lunt од Harvard таа е од времето на бугарскиот цар Иван Асен II, околу 1230 година.Надписот се чува во Историскиот музеј во Битола.
[уреди] Референции
Гавраил Радомир | >>> | Јован Владислав, цар на Самоиловото царство (1015— 1018) | >>> | Пресијан II |