Еквадор
Од Википедија, слободна енциклопедија
Еквадор (официјално: Република Еквадор) е држава во северозападниот дел од Јужна Америка. Се граничи со Колумбија на север и со Перу на исток и југ, додека на запад излегува на Тихиот Океан. Главен град е Кито.
Големината на Еквадор е 283,560 квадратни километри. Популацијата на Еквадор е 13,547,510 жители. Долж Еквадор поминуваат Андите. Поради тоа во Еквадор се наоѓаат многу вулкани меѓу кои највисок е Чимборазо кој е висок 6,272м. Островите Галапагос се исто така дел од Еквадор. Тие припаѓаат на Еквадор од 1832 година.
Политички Еквадор е република. Независна држава е од 24 мај 1822 година. Претседател е Рафаел Кореа.
Валута: американски долар
Религија: Католици (68%)
Поголеми градови: Гвајакил, Куенка
Јазици: Шпански (официјален), Кечуа и други индијански јазици.
Еквадор е познат по производството на банани, какао, кафе, ориз, компири, риби и др.
Земји во Јужна Америка |
---|
Аргентина | Боливија | Бразил | Венецуела | Гвајана | Еквадор | Колумбија | Парагвај | Перу | Суринам | Уругвај | Чиле |
Неопределени територии: Фокландски острови | Француска Гвајана |