Олимпијада
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
[уреди] Летните игри
Првите Олимписки Игри биле одржани во Олимпија, во Античка Грција, во 776 година п.н.е. Оваа традиција продолжила да се применува секои четири години за наредните илјада години. Модерните Олимписки Игри започнале во 1894 година кога Пиер де Кубертин од Франција организирал неколку светски спортисти и се заложил за ревитализација на Олимписките Игри со формиранње на Интернационалниот Олимписки Комитет. Две години подоцна, во 1896 година, биле одржани првите модерни Олимписки Игри во Атина, Грција.
[уреди] Зимските игри
Првиот зимски спорт (уметничко лизгање) бил вклучен во Олимписките Игри во 1908 година во Лондон. Во 1920 година, во Антверпен, бил додаден и хокејот на мраз. Првите зимски олимписки игри биле одржани во францускиот скијачки центар Шамони во 1924 година. Тие, всушност, биле предивдени како “Меѓународна спортска недела” која, во пресрет на осмите летни олимписки игри во Париз, требала да ги афирмира и зимските спортови. Но, начинот на организирање и учеството на 16 земји со 294 спортисти во 6 спортови, биле повод повеќе, ИОК, една година подоцна на заседанието во Прага, да им даде олимписка верификација на овие игри. Се до Албервил 1992 зимската олимпијада се одржувала во иста година со летната, па потоа, од Лилехамер 1994, си го зазела местото во средината од секој олимписки циклус.
Во САД се одржани четири ЗОИ што е најмногу досега. Јапонија е единствениот домаќин на зимска олимпијада од Азија и тоа со две.
[уреди] Извор
1896: Атина • 1900: Париз • 1904: Сент Луис • 1908: Лондон • 1912: Стокхолм • 1920: Антверпен • 1924: Париз • 1928: Амстердам • 1932: Лос Анџелес • 1936: Берлин • 1948: Лондон • 1952: Хелсинки • 1956: Мелбурн • 1960: Рим • 1964: Токио • 1968: Мексико Сити • 1972: Минхен • 1976: Монтреал • 1980: Москва • 1984: Лос Анџелес • 1988: Сеул • 1992: Барселона • 1996: Атланта • 2000: Сиднеј • 2004: Атина • 2008: Пекинг • 2012: Лондон