Стокхолм
Од Википедија, слободна енциклопедија
Стокхолм е главен и најголем град во Шведска. По процената од 2004, градското подрачје имало 765.044, а пошироко 1.704.930 жители.
Градот е основан во 1252 година на спојот на езерото Маларен и Балтичкото Море. Главен град на Шведска службено станал во 1436. Седиште е на, помеѓу другото, Кралската шведска академија за наука, Каролински институт и Шведската академија, која ги одбира добитниците на Нобелова награда од физика, хемија, економија, медицина и литература.