ON AMAZON:



https://www.amazon.com/Voice-Desert-Valerio-Stefano-ebook/dp/B0CJLZ2QY5/



https://www.amazon.it/dp/B0CT9YL557

We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Европска Унија - Википедија

Европска Унија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Европска Унија
Знаме на Европската Унија
Знамето на Европската Унија
Гесло: In varietate concordia
(обединети во различноста)
Химна: Ода на Радоста (оркестрално)
Главен град Брисел (de facto)
Земји членки 27 земји членки
Службен јазик 23 службени јазици
Претседателства
Европски Совет Мати Ванханен
Совет на Европската Унија Германија
Европска Комисија Жозе Мануел Дурао Баросо
Европски Парламент Ханс-Герт Потеринг
Историја
Ден на Европа 9 мај, 1950
Формирана ЕЕЗ
 - Потпишан
 - Во сила од
со договорот од Рим
 - 25 март, 1957
 - 1 јануари, 1958
Реименувана во ЕУ
 - Потпишан
 - Во сила од
со договорот од Мастрихт
 - 7 февруари, 1992
 - 1 ноември, 1993
Статистика
Површина
 - Вкупно
7. по ред
3 976 372 km²
Население
 - Вкупно (2006)
 - Густина
3. по ред
461 500 000
115,6 лица/km²
БДП 2006)
 - Вкупно
 - По глава на жител
1. по ред
$13,31 трилиони
$28 100
ИЧР (2003) 0.922 приб.
(22. по ред) – висок
Други информации
Парични единици Евро (EUR or €)

Други парични единици:
Британска фунта
(GBP или GB£)
Бугарски лев
(BGN или лв)
Кипарска фунта
(CYP или C£)
Чешка коруна
(CZK или Kč)
Данска круна
(DKK или kr)
Естонска круна
(EEK или kr)
Унгарски форинт
(HUF или Ft)
Латвиски латс
(LVL или Ls)
Литвански лира
(LTL или Lt)
Малтешка лира
(MTL или Lm)
Полски злоти
(PLN или zł)
Романска леја
(RON or lei)
Словачка коруна
(SKK или Sk)
Словенски толар
(SIT)
Шведска круна
(SEK или kr)

Временска зона UTC 0 до +2
Интернет домен .eu
Повикувачки броеви Нестандардизирани
Званична интернет-страница http://europa.eu/

Европската Унија (ЕУ) е наднационална и меѓувладина унија (заедница) на 27 демократски земји-членки. Европската Унија е најголемата конфедерација на независни држави во светот, основана под ова име во 1992 со Договорот за Европска Унија (Мастришкиот договор). Сепак, многу аспекти од Унијата постоеја и пред оваа година преку серија на претходни договори, кои датираат од 1951.

Активностите на ЕУ ги покриваат сите области на јавната политика, од здравството и економската политика до надворешната политика и одбраната. Сепак, опсегот на нејзините овластувања многу се разликува во зависност од дадената област. Во зависност од областа за која станува збор, ЕУ може да претставува:

  • федерација (на пример, во монетарните работи, во аграрната, трговската и еколошката политика);
  • конфедерација (на пример, во социјалната и економската политика, заштитата на потрошувачите, внатрешните работи);
  • меѓународна организација (на пример, во надворешните работи).

Клучна активност на ЕУ е основањето и управувањето со заедничкиот единствен пазар, кој се состои од царинска унија, единствена валута (која е усвоена од 12 од 27-те земји членки), заедничка аграрна политика и заедничка рибарска политика.

Најважни институции на ЕУ се Советот на Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот суд на правдата.

Содржина

[уреди] Статус

Членките на ЕУ и' пренесоа значителен суверените на ЕУ - повеќе отколку на која било друга несуверена регионална организација. Како што е спомнато, во одредени области, ЕУ почнува да добива карактер на федерација или конфедерација. Сепак, правно гледано, државите членки стануваат “господари на договорите”, што значи дека Унијата нема моќ да пренесува дополнителни овластувања од државите на себе без нивна согласност преку некои идни меѓународни договори. Понатаму, во многу области државите членки се откажаа од релативно малку национален суверенитет, особено во клучните области за националните интереси како што се надворешната политика и одбраната. Ова уникатна структура значи дека можеби е најдобро на ЕУ да се гледа како на ентитет sui generis.

На 29 октомври 2004, европските шефови на држави и влади го потпишаа Договорот за основање Устав за Европа. Тој е ратификуван од некои држави членки и моментално чека ратификација од останатите членки. Сепак, овој процес влезе во криза кога на 29 мај 2005 мнозинството од француските граѓани го отфрлија Уставот преку референдум со 54,7% гласови против. По француското “не” по три дена, на 1 јуни и холандските граѓани го отфрлија Уставот со 61,6% од гласовите против.

Поради тоа, моменталниот и идниот статус на ЕУ продолжува да биде предмет на политички контроверзи, со значително различни гледишта како внатре така и помеѓу државите членки. Оваа дебата доби на интензитет по отфрлањето на Уставот од француските и холандските гласачи.

[уреди] Тековни прашања

Главните прашања со кои моментално се соочува Европската Унија се однесуваат на структурата, процедурите и политиките, на усвојувањето, напуштањето или прилагодувањето на новиот уставен договор, на понатамошното проширување кон југ и исток, на решавањето на проблемот на фискалната и демократската одговорност и на ревизијата на правилата на Пактот за стабилност и раст, идниот буџет и заедничката аграрна политика.

На следната меѓувладина конференција, која се одржува на секои шест месеци и на која присуствуваат шефовите на држави и влади на државите членки, ќе биде потребно државите членки да одлучат околу алоцирањето на средствата од буџетот на ЕУ. Покрај буџетот државите членки треба да преговараат и во врска со “Финансиските перспективи” околу кои се преговара секои седум години. Следните “Финансиски перспективи” ќе се однесуваат на периодот 2007-2013. Најконтроверзните прашања околу буџетската политика се британскиот рабат, користа на Франција од заедничката аграрна политика, крупните придонеси на Германија и Холандија кон буџетот на ЕУ и реформата на Европските фондови за регионален развој. Многу коментатори предвидуваат дека расправата околу овие прашања ќе предизвика големи поделби помеѓу владите како оние на Франција и Германија, кои се залагаат за поголем буџет и за пофедериран сојуз и владите на оние како Британија, кои бараат потенок буџет и кои се залагаат повеќе средства да се префрлат во науката и технологијата (и чија заштитна парола е модернизацијата).

[уреди] Потекло и историја

Обидите за обединување на различните европски народи им претходат на модерните држави; тие постојано се случувале во историјата на континентот. Пред 3.000 години со Европа владееја Келтите, а потоа неа ја освои Римската империја. Овие рани обединувања беа создадени преку сила. Царството на Франките на Карло Велики и Светото римско царство стотици години обединуваа големи области под лабава власт. Понеодамна, царинската унија на Наполеон на почетокот од 19 век и освојувањата на нацистичка Германија во 1940-тите имаа само минлива природа.

Имајќи ја предвид хетерогениот збир на јазици и култури во Европа, овие обиди обично вклучуваа воено потчинување на народи кои не сакаа да бидат под дадената власт, што од своја страна водеше кон нестабилност. Еден од првите предлози за мирно обединување преку соработка и рамноправност на членките го даде познатиот француски писател Виктор Иго во 1851. По катастрофите од Првата и Втората светска војна, во голема мера се зголемија стремежите за основање на (она што подоцна стана) Европска Унија, поттикнати од желбата за обнова на Европа и за отстранување на можноста од нова војна на европскиот континент. Ова расположение водеше до основањето на Европската заедница за јаглен и челик од страна на СР Германија, Франција, Италија и земјите од Бенелукс. Ова беше направено преку Договорот од Париз, кој е потпишан во април 1951, а стапи во сила во јули 1952.

Првата целосна царинска унија изворно беше позната како Европска економска заедница (во Британија неформално нарекувана “заеднички пазар”) и беше основана со Договорот од Рим во 1957, а стапи во сила на 1 јануари 1958. Таа подоцна беше променета во Европска заедница, која сега го претставува “првиот столб” на ЕУ. Така, со текот на времето, ЕУ еволуира од трговско тело до економски и политички ентитет.

[уреди] Држави членки и проширување

ЕУ во моментот има 27 држави членки и приближно 460 милиони жители (во декември 2004). Ако би била една држава, ЕУ би била седмата најголема држава во светот по површина и трета најголема по население, по Кина и Индија.

Откако беше формирана како сојуз од шест држави, кон неа подоцна се приклучија уште 21 други европски држави. Еве како течеше проширувањето на ЕУ:

Година Земја

Гренланд, кој доби автономија од Данска во 1979, ја напушти Европската Заедница во 1985, по одржувањето на референдум.

[уреди] Идно проширување и блиски односи

  • Турција е официјален кандидат за членство во ЕУ. Европските амбиции на Турција датираат од Договорите од Анкара од 1963. Турција треба да започне прелиминарни преговори во октомври 2005. Сепак, аналитичарите веруваат дека најбрзо во 2015 Турција може да се надева на членство во ЕУ. Откако доби статус на кандидат за членство, Турција го подобри почитувањето на човековите права, ја укина смртната казна, му даде културни права на своето големо курдско малцинство и презеде позитивни чекори да го реши кипарското прашање. Сепак, поради својата верска и културна различност, Турција се соочува со силно противење од страна на конзервативните влади во прв ред на Франција, Австрија, Кипар и Словенија.
  • Хрватска моментално е единствената друга земја кандидат за членство, но преговорите се одложени поради недоволната соработка на Хрватска со Хашкиот трибунал за бивша Југославија.
  • Исланд, Норвешка и Швајцарија не се членки, но имаат посебни договори со ЕУ.
  • Многу членки на Европската асоцијација за слободна трговија се потписнички на Договорот за Европска економска област, што значи дека тие учествуваат во многу аспекти на единствениот европски пазар.

[уреди] Мотивите за проширување и идните изгледи

Поддржувачите на Европската унија тврдат дека растежот на ЕУ е двигател на мирот и демократијата. Тие тврдат дека војните, кои беа периодична карактеристика на историјата на Западна Европа, престанаа по основањето на Европската економска заедница во 1950-тите. Тие исто така тврдат дека во раните 1970-ти, Грција, Португалија и Шпанија беа диктатури, но желбата на бизнисмените од овие земји нивните држави да станат членки на ЕУ создаде цврсти темели за демократијата во овие земји. Други тврдат дека мирот во Европа по Втората светска војна повеќе се должи на други причини, како потребата за единствен одговор на заканата од Советскиот Сојуз, како потребата од помирување по Втората светска војна, а што се однесува до наведените диктатури, тие паднаа поради други причини.

Од поскоро ЕУ го шири своето влијание кон исток. Прими неколку нови членки од бившиот комунистички блок и среднорочно планира да прими уште неколку други. Постои надеж дека на сличен начин како што примањето на Шпанија, Грција и Португалија водеше кон зацврстување на нивна економска и политичка стабилност, тоа ќе се случи и со новите членки од Источна и Средна Европа.

Понатамошното ширење на исток има своја долгорочна корист, но на преостанатите европски земји моментално не се сметаат за погодни за членство во ЕУ. Сепак, вклучувањето на земјите кои моментално се политички нестабилни може, постои надеж, да им помогне да се справат со тензиите и недовербата што произлегуваат од конфликтите како војните на територијата на бивша Југославија и кипарскиот спор и дека ќе им помогне да ги одбегнат таквите конфликти во иднина.

Сепак, по отфрлањето на Европскиот устав на референдумите во Франција и Холандија како и поради бавниот економски раст на ЕУ, можното членство на Турција во ЕУ е под знак прашање, бидејќи голем дел од населението во Франција, Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Холандија стравува од членството на Турција во ЕУ и смета дека тоа ќе предизвика непожелни економски, имиграциски и културни импликации.

[уреди] Институции и правна рамка

[уреди] Институции на ЕУ

Функционирањето на ЕУ се темели врз неколку институции:

Постојат неколку финансиски тела:

Исто така, постојат и неколку советодавни комитети:

  • Комитетот на регионите, кој дава совети околу регионалните прашања. (Комитетот не ја уредува Регионалната политика на ЕУ)
  • Економскиот и социјален комитет, кој дава совети во врска со економската и социјалната политика (во прв ред околу односите помеѓу работниците и работодавците).
  • Политичкиот и безбедносен комитет, кој е основан во смисла на Заедничката надворешна и безбедносна политика и кој ги разгледува и дава совети околу меѓународните прашања и глобалната безбедност.

Покрај ова, има и редица други тела, обично основани преку секундарната легислатива. Тоа се агенциите на Европската Унија. На пример: Европската еколошка агенција, Европската агенција за безбедност во воздушниот сообраќај, Канцеларијата за хармонизација на внатрешниот пазар и други.

На крајот, европскиот омбудсман ги испитува жалбите за лошо работење на институциите на ЕУ во однос на нивното постапување кон граѓаните на ЕУ.

[уреди] Локации на институциите на ЕУ

ЕУ нема официјален главен град и нејзините институции се лоцирани во неколку европски градови:

  • Брисел, Белгија - се смета за de facto главен град на ЕУ.
    • Седиште на Европската комисија и на Советот на Европската Унија.
    • Седиште на состаноците на комитетите и на мини-сесиите на Европскиот парламент.
    • Домаќин на сите самити на Европскиот совет (од 2004).
  • Стразбур, Франција
    • Седиште на Европскиот парламент и на неговиот 12-неделни пленарни сесии секоја година.
  • Луксембург сити, Луксембург
    • Седиште на Европскиот суд на правдата и на Секретаријатот на Европскиот парламент.
    • Седиште на Европската инвестициска банка.

[уреди] Правна рамка

Правото на Европската Унија е составено од голем број правни и институционални структури кои се преклопуваат. Тоа е резултат на тоа што е одредено од сукцесивни меѓународни договори, при што секој нов договор ги изменува и дополнува дотогашните договори. Во последните години, вложени се значителни напори за консолидирање и поедноставување на договорите, што доведе до потпишувањето на Договорот за основање на Устав на Европа. Ако овој предложен договор биде усвоен, тој ќе го замени збирот на преклопувачки договори што во моментот ја формираат правната рамка на ЕУ со единствен текст. Многу експерти и политичари се согласуваат дека моменталната структура на ЕУ е среднорочно неефикасна за една унија од 27 членки и поради тоа некои експерти и политичари предлагаат, во случај некои држави членки да не го ратификуваат Уставот, останатите држави членки кои тоа го направиле, да создадат нешто како Внатрешна Унија која ќе продолжи во насока на “секогаш попродлабочената, секогаш пошироката унија”.

Првиот европски договор е Договорот од Париз во 1951 (стапи во сила во 1952) со кој се формира Европската заедница за јаглен и челик помеѓу основачката група од 6 држави. Овој договор истече, а неговите функции се преземени од подоцнежните договори. Од друга страна, Договорот од Рим од 1957 сè уште е на сила, иако е многу променет оттогаш, најсуштински од Мастришкиот договор од 1992. Најновите измени на Договорот од Рим се договорени како дел од Договорот од Амстердам со новите 10 држави членки, кој стапи во сила на 1 мај 2004.

[уреди] Улогата на Европската Заедница во рамките на Унијата

[уреди] Европските заедници: Европската Заедница плус Евроатом

Терминот “европски заедници” се однесува на две заедници, Европската Економска Заедница (која сега се нарекува Европска Заедница) и Европската заедница за атомска енергија (позната и како Евроатом), кои беа основани во 1950-тите. Третиот ентитет, Европската заедница за јаглен и челик, која исто така беше дел од европските заедници, престана да постои во 2003 по истекувањето на важноста на основачкиот договор. Од 1967, европските заедници споделуваат заеднички институции. Во 1992 со Мастришкиот договор Европската Економска Заедница, која од трите изворни заедници имаше најширок опфат, беше преименувана во Европска Заедница.

[уреди] Европската Унија: европските заедници плус ЗНБП и ПССК

Европските заедници се еден од трите столбови на Европската Унија и тоа најважниот столб и единствениот столб кој функционира првенствено преку наднационалните институции. Останатите два столба - Заедничката надворешна и безбедносна политика и Полициската и судската соработка во кривичните работи - се полабави меѓувладини групации. За да бидат работите замрсени, овие два столба сè повеќе се администрираат од страна на Заедницата (како од само концепти стануваат фактичка практика).

[уреди] Ефектите на Договорот за Уставот

Ако биде ратификуван, Договор за основање на Устав на Европа | Договорот за основање на Устав на Европа ќе ја укине три-столбната структура и, заедно со неа, дистинкцијата помеѓу Европската Унија и Европската Заедница, при што сите активности на Заедницата ќе бидат доведени под закрила на Европската Унија, а својството правното лице од Заедницата ќе биде пренесено врз Унијата. Сепак има една ограда: Евроатом веројатно ќе остане посебен ентитет кој ќе биде управуван преку посебен договор.

[уреди] Меѓувладиност и наднационалност

Основната тензија што постои во рамките на Европската Унија е тензијата помеѓу меѓувладиноста и наднационалноста. Меѓувладиноста е метод на донесување одлуки во меѓународните организации каде што моќта ја поседуваат државите членки, а одлуките се донесуваат со едногласност. Независните именувани лица на владите или избраните претставници единствено имаат советодавни или спроведувачки функции. Меѓувладиноста денес ја употребуваат најголемиот дел од меѓународните организации.

Алтернативен метод на донесување одлуки во меѓународните организации е наднационалноста. При наднационалност моќта ја имаат независни именувани службени лица или претставници избрани од претставничките тела или од граѓаните на државите членки. Владите на државите членки сé уште имаат моќ, но мораат да ја делат до другите актери. Понатаму, одлуките се донесуваат со мнозинство гласови и оттука е можно една држава членка да биде принудена од страна на другите држави членки да спроведува некоја одлука против својата волја.

Одредени сили во политиката на ЕУ го претпочитаат меѓувладиниот пристап, а други - наднационалниот пат. Поддржувачите на наднационалноста тврдат дека таа и' овозможува на интеграцијата да продолжи со побрзо темпо отколку што поинаку би било можно. Онаму каде што одлуките мора да се донесуваат од влади кои одлучуваат едногласно, на одлуките може да им се потребни години за да бидат донесени, ако и воопшто бидат донесени. Поддржувачите на меѓувладиноста тврдат дека наднационалноста е закана за националниот суверените и за демократијата, тврдејќи дека само националните влади можат да поседуваат доволно демократски легитимитет. Меѓувладиноста ја претпочитаат повеќе европски нации како Британија, Данска и Шведска, додека поинтеграциски настроените нации како земјите на Бенелукс, Франција, Германија и Италија инклинираат кон преферирање на наднационалниот пристап.

Европската Унија се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу овие два пристапа. Сепак, оваа рамнотежа е сложена и често резултира со често лавиринтска сложеност на нејзините процедури за донесување одлуки.

Почнувајќи од март 2002, Конвентот за иднината на Европа ја преиспита оваа рамнотежа, помеѓу останатите работи, и предложи промени. За овие промени се расправаше на меѓувладината конференција во мај 2004 и водеше до Договорот за Уставот, за кого се расправаше погоре.

Наднационалноста е тесно поврзана со дебатата околу меѓувладиноста против неофункционалноста. Ова е дебата околу тоа зошто воопшто се појави процесот на интеграција. Приврзаниците на меѓувладиноста тврдат дека процесот на ЕУ интеграција е резултат на жилаво преговарање помеѓу државите. Неофункционализмот, од друга страна, тврди дека самите наднационални институции беа движечка сила зад интеграцијата.

[уреди] Главни политики

Како што сугерира промената на името на Европската Економска Заедница во Европска Заедница и во Европска Унија, таа во текот на времето еволуира од првенствено економска во сè повеќе политичка унија. Овој тренд е нагласен преку растечкиот број области на политики што спаѓаат во надлежност на ЕУ: политичката моќ има тенденција да се поместува од државите членки кон ЕУ.

Против оваа слика на растечка централизација делуваат два елементи.

Прво, некои држави членки имаат своја традиција на силни регионални власти. Ова водеше кон растечко фокусирање врз регионалната политика и врз европските региони. Така, како дел од Мастришкиот договор беше основан Комитетот на региони.

Второ, областите на политики на ЕУ покриваат редица различни облици на соработка.

  • автономно донесување одлуки: државите членки и' дадоа на Европската комисија моќ да донесува одлуки во одредени области како правото за конкурентност, контролата на државната помош и либерализацијата.
  • хармонизација: законите на државите членки се хармонизираат преку легислативниот процес на ЕУ, кој ги вклучува Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на Европската Унија. Како резултат на ова, Право на Европската Унија е сé поприсутно во системите на државите членки.
  • соработка: државите членки, состанувајќи се во Советот на Европската Унија се договараат да соработуваат и да ги координираат своите внатрешни политики.

Тензијата помеѓу европската и националната (или под-националната) надлежност е трајна во развојот на ЕУ.

Сите потенцијални членки мораат да усвојат закони со цел да се ускладат со заедничката европска правна рамка, позната како acquis communautaire.

[уреди] Единствениот пазар

Многу од политиките на ЕУ на еден или друг начин се поврзани со развојот и одржувањето на еден ефективен единствен пазар. Значителни напори се вложени за создавање на хармонизирани стандарди - кои се создадени за да донесат економска корист преку создавање на поголеми и поефикасни пазари.

Моќта на Единствениот пазар зафаќа и надвор од границите на ЕУ, зашто за да се продава во рамките на ЕУ, корисно е прилагодувањето на нејзините стандарди. Штом фабриките, земјоделците и трговците од некоја земја која не е членка на ЕУ се прилагодат кон стандардите на ЕУ, многу од трошоците за приклучување кон Унијата веќе се намалени. До оваа точка, хармонизирањето на домашното законодавство со цел станување на полноправна членка е релативно безболно и може да создаде поголемо богатство преку елиминирањето на царинските трошоци.

Единствениот пазар има како интерни така и екстерни аспекти.

[уреди] Интерни политики

  • Слободна трговија на стоки и услуги помеѓу државите членки (цел која е понатаму проширена врз трите од четирите држави членки на ЕФТА преку Европската економска област (ЕЕА).
  • Заедничко право за конкуренција што ги контролира активностите против конкурентноста на компаниите (преку законот против трустовите и контролата на спојувањето) и на државите членки (преку режимот на државна помош).
  • Шенгенски договор што овозможи отстранување на внатрешните гранични контроли и хармонизација на надворешните контроли помеѓу неговите држави членки. Тој ги исклучува Британија и Ирска, кои имаат дерогации, но ги вклучува Норвешка и Исланд, кои не се членки на ЕУ. Исто така, Швајцарија преку референдум во 2005 гласаше да стане дел од Шенгенската зона.
  • Слобода за граѓаните од нејзините држави членки да живеат и да работат каде било во ЕУ, ако можат да се издржуваат (исто така проширено врз членките на ЕЕА).
  • Слободно движење на капиталот помеѓу државите членки на ЕУ (и на ЕЕА).
  • Хармонизација на владините регулативи, корпорациското право и регистрирањето на заштитни марки.
  • Единствена валута, евро (без Британија и Данска, кои имаат дерогативи). Шведска, иако нема донесено посебна клаузула за истапување, не е членка на Механизмот за курсна размена 2, доброволно исклучувајќи се себеси од монетарната унија.
  • Голем број еколошки политики координирана преку ЕУ.
  • Заедничка аграрна политика и Заедничка рибарска политика.
  • Заеднички систем на индиректно оданочување, ДДВ, како и заеднички царини на разни производи.
  • Обезбедување парични средства за развојот на недоволно развиените региони (структурни и кохезиски фондови).

[уреди] Екстерни политики

  • Заедничка тарифа на надворешните царини и заедничка позиција во меѓународните трговски преговори.
  • Обезбедување парични средства за програмите во земјите кандидати и во останатите источно-европски земји, како и за помош во многу земји во развој, преку своите ФАРЕ и ТАЦИС програми.

[уреди] Соработка и хармонизација во другите области

  • Слобода за граѓаните на ЕУ да гласаат на локални избори и на изборите за Европскиот парламент во секоја држава членка.
  • Соработка во кривичните работи, вклучувајќи размена на разузнавачки податоци (преку Европол и Шенгенскиот систем за информации), договор за заедничката дефиниција за кривичните прекршоци и процедурите за брза екстрадиција.
  • Заедничка надворешна политика како идна цел, иако за ова е потребно време за да биде остварено. Поделбите помеѓу државите членки (во Писмото на осуммината) и тогашните идни членки (во Писмото од Вилнус) за време на подготовките за инвазијата врз Ирак во 2003 посочува колку далеку оваа цел е од тоа да стане стварност.
  • Заедничка безбедносна политика како цел, вклучувајќи го создавањето на 60-илјадни Европски сили за брза реакција со цел зачувување на мирот, европски воен штаб и европски сателитски центар (за разузнавачки цели).
  • Заедничка политика за азил и имиграција.
  • Заедничко финансирање на истражувањето и технолошкиот развој, преку четири-годишни рамковни програми за истражување и технолошки развој.

[уреди] Економија

ЕУ има втора економија по големина во светот, по онаа на САД, со 12.329.110 БОП во 2005. Европската економија се очекува дека уште повеќе ќе расте во текот на следното десетлетие со приемот на нови земји - особено имајќи во предвид дека новите држави членки обично се посиромашни од европскиот просек и оттука очекуваниот брз раст на БОП ќе помогне за да се постигне динамиката на обединетата Европа. Сепак, се проценува дека Еврозоната ќе расте околу 0.3%, додека другите индустриски земји, како САД, се проценува дека ќе растат со стапка од околу 3,2%.

[уреди] Животниот стандард

Долу е дадена табела со вкупниот БОП на државите членки, нивниот БОП по жител и номиналниот БОП по жител.

Држави
членки
БОП (ППП)
милиони
инт. долари
БОП (ППП)
по жител
инт. долари
БОП (номинален)
по жител
инт. долари
Европска Унија 12,329,110 26,900 29,203
Луксембург 30,674 66,821 73,147
Ирска 164,190 40,003 48,753
Данска 187,721 34,718 46,691
Австрија 267,053 32,802 37,688
Белгија 324,299 31,159 35,068
Бугарија 71,381 10,003 3,686
Финска 161,099 30,818 36,522
Холандија 498,703 30,574 38,180
Британија 1,825,837 30,227 36,429
Германија 2,498,471 30,150 33,785
Шведска 267,427 29,537 39,101
Италија 1,694,706 29,218 29,635
Франција 1,811,561 29,019 33,855
Шпанија 1,026,340 24,803 27,175
Словенија 43,260 21,695 18,527
Грција 236,311 21,529 20,006
Кипар 16,745 20,669 20,866
Малта 7,909 20,015 13,742
Чешка 198,976 19,488 11,929
Португалија 203,947 19,388 16,525
Унгарија 162,289 16,627 11,059
Естонија 22,239 16,461 9,424
Словачка 87,129 16,110 8,549
Литванија 49,106 14,338 7,268
Полска 512,890 13,440 7,487
Литванија 30,227 13,059 6,739
Романија 183,162 8,258 3,603

[уреди] Види исто така

[уреди] Надворешни врски

Други јазици
Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Sub-domains

CDRoms - Magnatune - Librivox - Liber Liber - Encyclopaedia Britannica - Project Gutenberg - Wikipedia 2008 - Wikipedia 2007 - Wikipedia 2006 -

Other Domains

https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformtivo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com