Тувалу
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||||
Парола: Tuvalu mo te Atua (на тувалуански : « Тувалу со Господ ») |
|||||
Химна: Tuvalu mo te Atua |
|||||
Официјален јазик: | тувалуански, англиски | ||||
Главен град: | Ваиаку (село; влада), Фонгафале (остров), Фунафути (атол) |
||||
Кралица: | Филоимеа Толито | ||||
Премиер: | Маатиа Тоафа | ||||
Површина: - вкупно: - % вода: |
190. по големина 26 km² 0% |
||||
Население: - вкупно (2004): - Густина: |
192. по големина 11.468 441/km² |
||||
Независност: | Од Обединетото Кралство, 1 октомври 1978 | ||||
Валута: | Австралиски долар (100 центи) | ||||
Временска зона: | UTC +12 | ||||
Интернет домен: | .tv | ||||
Повикувачки број: | 688 | ||||
Тувалу е полинезиска островска нација, лоцирана во Тихиот Океан на пола пат помеѓу Хаваи и Австралија, јужно од Екваторот и во близина на Кирибати.
Се состои од девет корални атоли од кои осум се населени, од каде доаѓа името на земјата, кое на тувалуански јазик значи "Осум стојат заедно". Со исклучок на Ватикан, тоа го има најмалиот број на жители помеѓу независните нации. Тувалу порано беше познат како Островите Елис или Лагунски Острови.
Поради нивната мала висина (5 метри максимум), островите кои ја сочинуваат оваа нација се загрозени од било каков пораст на морското ниво. Населението може ќе се евакуира во текот на следните децении во Нов Зеланд, или Ниуе, мал пацифички остров (автономен, но поврзан со Нов Зеланд), што не е загрозен од порастот на морското ниво, но има опаѓачка популација.
Ваиаку, главното село, на атолот Фунафути, се наоѓа на островот Фонгафале кој е долг 12 километри. Тувалу е член на комонвелтот. Голем дел од државниот буџет доаѓа од приходите од продажба на .tv интернет домени.