Шлезвиг-Холштајн
Од Википедија, слободна енциклопедија
Знаме | |
---|---|
Грб | |
Статистика | |
Главен град: | Кил |
Површина: | ca 15,776 km² |
Жители: | 2,777,000 (1999) |
Густина на насел.: | 176 жит./km² |
Веб-сајт: | schleswig-holstein.de |
ISO 3166-2: | DE-SH |
Политика | |
Премиер: | Питер Хери Карстенсен (ХДУ) |
Владеачки партии: | ХДУ/СДП |
Мапа | |
Шлезвиг-Холштајн (на германски: Schleswig-Holstein) е најсеверната од шеснаесетте сојузни држави во Германија. Поранешното англиско име било Sleswick-Holsatia, данското Slesvig-Holsten, долногерманското Sleswig-Holsteen и севернофризиското Slaswik-Holstiinj. Историски, името се однесува на поголем регион кој ги опфаќа денешните Шлезвиг-Холштајн и областите на Јужен Јиланд во Данска.
[уреди] Географија
Шлезвиг-Холштајн лежи на основата на Јиланд, помеѓу Балтичкото и Северното Море.
Поранешното војводство Холштајн се состои од јужниот дел на Шлезвиг-Холштајн, додека Јужен Шлезвиг го опфаќа северниот дел. Исто така, војводството Лауенбург и поранешниот Слободен Ханзаски Град Либек на југоистокот на државата се дел од денешен Шлезвиг-Холштајн.
Поранешното војводство Шлезвиг е поделено меѓу Данска и Германија од 1920 година. Северен Шлезвиг, денес данската област Јужен Јиланд (Sønderjylland), бил придодаден кон Данска по референдум кој следел по германскиот пораз во Втората Светска војна.
Шлезвиг-Холштајн се граничи со Данска на север, Северно Море на запад, Балтичко Море и Мекленбург-Западна Померанија на исток и Долна Саксонија и Хамбург на југ. Кил е главен град на оваа сојузна држава.
[уреди] Административна поделба
Шлезвиг-Холштајн е поделен во единаесет области (Kreise):
|
|
Има и четири независни градови:
- Кил
- Либек
- Нојминстер
- Фленсбург
[уреди] Надворешни врски
- Официјален владин портал
- Топ-теми во Шлезвиг-Холштајн од 1919 и 1920 година
- Химната на Шлезвиг-Холштајн
|
|||
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |