Ванчо Николески
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ванчо Николески е претставник на првата повоена генерација македонски писатели за деца и младина. Роден на 10 јуни 1912 година во селото Црвена Вода кај Дебарца, недалеку од Охрид каде што и починал во 1980 година. По ослободувањето работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола.
Автор е на следниве книги: „Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946), „Мице“ (поема), потоа на стихозбирките „Школско ѕвонче“, „Крај огниште“, „Прва радост“, „Одбрани песни“, „Шареното торбиче“, на приказните во стихови „Чуден свет“ и „Чудотворен кавал“, на историската поема за македонскиот цар Самоил и „14000 ослепени“, на збирките раскази приказни под заеднички наслов „Приказни од моето село (Превземи во PDF формат)“ (I - III), на хумористичната поема „Чуден дедо“, како и на романите за деца „Волшебното самарче“, „Гоце Делчев“, „Подвиорното знаме“ и „Крвави години“. Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои „Климент Охридски“ и „Младо поколение“. Преведуван е на сите југословенски јазици, и самиот се занимавал со преведување од српски и руски јазик.