Емануел Ласкер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Емануел Ласкер (германски: Emanuel Lasker), (1868-1941) е шахист кој станал светски шампион по победувањето на првакот Вилхелм Штајниц во 1894. Тој успеал да ја задржи титулата за 27 години што е се` уште рекорд. За време на неговата шаховска кариера тој сепак нашол време да докторира во математиката во универзитетот Ерланген во 1900.
Во шахот Ласкер бил тактичар и голем борец. Во многу од неговите игри успеал да претвори инфериорна позиција во неков корист. Не само во офанзивата, тука и во играње одбрана немал рамен. Се` до неговите последни години (седумдесетите), иако повеќе не бил шампион, бил ценет како добар шахист и тогашните прваци се`уште стравувале од играње со него, како на пр., Хозе Раул Капабланка.
[уреди] Извор
Бурџес, Нан и Емс, 2004, Светските најзначителни шаховски игри, Робинсон Паблишинг, Лондон. ISBN 1-84119-905-2