Млечен пат
Од Википедија, слободна енциклопедија
Млечниот пат (на латински Via Lactea, со корени во грчкиот термин Γαλαξίας (Galaxias) ), е спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако млечниот пат е само една од билијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на Соларниот систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во млечниот пат. Галаксијата е најсветла во делот кадешто е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар. Главниот диск на галаксијата е широк помеѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека млечниот пат содржи помеѓу 200 и 400 билиони ѕвезди.
[уреди] Старост
Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13.6 билиони години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат на истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.
[уреди] Местото на сонцето во Млечниот пат
Сонцето а со тоа и земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Раката на Орион, на оддалеченост од 7.94±0.42 парсека од галактичкиот центар. Далечината помеѓу Орионовата рака и Раката на Персеј која е следна изнесува 6,500 светлосни години. На сонцето му се потребни помеѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда.
[уреди] Иднината на млечниот пат
Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до млечниот пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 билиони годиниа. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето сонце и други ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу билион години.