Натриум хидроксид
Од Википедија, слободна енциклопедија
Натриум хидроксидот (NaOH) претставува една од најјаките бази што постојат. Тој во индустријата се добива со електролиза на концентриран раствор на натриум хлорид. Притоа, на катодата се одделува водород, на анодата хлор, додека во растворот останува натриум хидроксид:
Покрај овој начин, кој е најупотребуван, натриум хидроскидот се добива индустриски, со т.н. постапка ,,каустификација на сода" . Натриум хидроксидот е бела непроѕирна тврда супстанција во вид на парчиња, лушпи, прачки или зрна. Неговата моларна маса изнесува 40 g/mol. Натриум хидроскидот се топи на температура од 323°C (596 К), а додека пак врие на температура од 1390°C (1663 К). Во трговијата е познат и како ,,каустична сода" или ,,камена сода". За да се испитаат некои хемиски својства на натриум хидроскидот, најчесто се изведува следниот опит:
- Се зема со лажица едно парче натриум хидроскид и се става на лист хартија. Набргу тој се разводнува. Се додава малку натриум хидроксид во вода. Натриум хидроскидот ќе се раствори. Ако ја допреме епруветата, таа е жешка. Во порцеланска шолја ставаме малку концентриран раствор на натриум хидроксид, а потоа ставаме во него парче од некоја ткаенина. Набргу ткаенината ќе се разори.
Опитот покажува дека натриум хидроксидот на воздух се разводнува, бидејќи од него впива влага. Значи, тој е хигроскопна супстанција каква што е сулфурната киселина. Натриум хидроксидот добро се раствора во вода, при што се ослободува значително количество на топлина. Натриум хидроскидот ги разорува растителните и животинските ткива. Тој ја разорува и човечката кожа и ако падне на неа предизвикува изгореници. Поради разорното дејство на натриум хидроксидот тој е познат и под името ,,жива сода". Исто така, тој реаргира и со киселините при што се добива сол и вода:
Натриум хидроксиот наоѓа голема примена во индустријата. Се употребува за производство на сапун што претставува традиционален хемиски процесс со натриум хидроксидот. Арабјаните почнале да произведуваат сапун со натриум хидроскид уште во седмиот век. Истиот процес за производство на сапун се користи и ден денес. Наоѓа примена и во индустријата за добивање на бои, целулоза, вештачка свила, каучук и др. Натриум хидроксидот наоѓа примена и за пречистување на нафта, масти и масла, како и во индустријата за добивање на алуминиум.