Палестинска самоуправа
Од Википедија, слободна енциклопедија
![]() |
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Палестинската самоуправа (најчесто, Палестина) е автономна административна организација што номинално управува со делови од Западниот брег и целиот појасот Газа (кои се дел од Палестинските територии).
Палестинската самоуправа е основана во 1994 година, согласно со Договорот од Осло помеѓу Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и израелската влада.
Прв претседател на Палестинската самоуправа беше Јасер Арафат, а негов наследник и денешен претседател е Махмуд Абас. На парламентарните избори во јануари 2006 година радикалното исламистичко движење Хамас ја победи ПЛО и формира влада на чело со Исмаил Ханија.