Совет на Европската Унија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Содржина |
[уреди] Општи податоци
|
Советот на Европската Унија е законодавно тело на Европската Унија, што ги претставува земјите-членки. Во него членува по еден министер од секоја земја на ЕУ. Претседателството со Советот ротира на секои шест месеци. Состаноците на Советот се одржуваат во Брисел (Белгија), освен во април, јуни и октомври кога состаноците се одржуваат во Луксембург.
Советот е главното тело што донесува одлуки во ЕУ. Како и Европскиот парламент, Советот e формиран со основачките договори во 1950-тите. Тој ги претставува земјите-членки и на неговите состаноци присуствува по еден министер од секоја од владите на одделните земји на ЕУ. Кој министер ќе присуствува на даден состанок, зависи од темите кои се наоѓаат на дневниот ред. Ако, на пример, Советот треба да дискутира на теми од областа на животната средина, на состанокот ќе присуствуваат министрите за животна средина од сите земји- членки на ЕУ и состанокот ќе биде познат под името “Совет за животната средина”. Со односите на ЕУ со останатиот дел од светот раководи “Советот за општи работи и надворешни односи”. Меѓутоа, составот на овој Совет има, исто така, прилично голема одговорност во однос на некои поопшти политички прашања, така што на неговите состаноци присуствуваат разни министри или секретари на држави, според изборот на нивните влади.
[уреди] Надлежности на советот
- Да усвојува европски закони. Тој работи заедно со Европскиот парламент на законската регулатива во голем број области.
- Да ги координира опсежните европски политики на земјите-членки
- Да склучува меѓународни договори помеѓу ЕУ и една или повеќе земји или меѓународни организации.
- Да го одобрува буџетот на ЕУ заедно со Европскиот парламент.
- Да ја развива Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, заснована врз насоките зацртани од Европскиот совет.
- Да ја координира соработката меѓу судовите и полициските сили на одделните држави, во поглед на криминалните дејствија.
[уреди] Внатрешна организација на Советот
- Корепер
Во Брисел, секоја земја-членка на ЕУ има постојан тим (“претставништво”) кој го застапува и брани интересот на својата земја на ниво на ЕУ. Шефот на секое претставништво е амбасадор на својата земја во ЕУ. Овие амбасадори (познати под името “постојани претставници”) се среќааваат еднаш неделно во Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР). Улогата на комитетот е да ја подготви работата на Советот, со исклучок на прашањата од земјоделството, кои се во надлежност на Специјалниот комитет за земјоделство. На КОРЕПЕР му помагаат голем број работни групи составени од претставници од администрациите на одделните држави. Претседателство на Советот Претседателството на Советот ротира на секои шест месеци. Со други зборови, секоја земја презема одговорност над агендата на Советот и претседателствува на сите состаноци во период од шест месеци, промовирајќи законска регулатива и политички одлуки и преговарајќи за компромиси помеѓу земјите- членки. Ако, на пример, некоја средба на Советот за животна средина е закажана за втората половина на 2006, со средбата ќе претседава финскиот министер за животна средина, бидејќи тогаш Финска ќе биде на чело на Претседателството на Советот .
- Генерален секретаријат
На Претседателството му помага Генералниот секретаријат, кој го подготвува и обезбедува непреченото функционирање на работата на Советот на сите нивоа. Во 1999 година, Хавиер Солана беше назначен за генерален секретар на Советот. Тој е и висок претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика и во ова свое својство му помага на Советот да подготвува и спроведува политички одлуки. Покрај тоа, тој се вклучува, во име на Советот, и во политички дијалог со земји што не се членки на ЕУ. На Генералниот секретар му помага заменик генерален секретар, кој има обврска да раководи со Генералниот секретаријат.
[уреди] Иницијативи на Советот на Европа
- Една од најпознатите иницијативи претставува Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП)