Јава (програмски јазик)
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа страница се однесува на програмскиот јазик Java. За друго значење види Јава (појаснување).
Java е објектен програмски јазик кој што се појавува во средината на 1990-тите, а е развиен од Американската фирма Sun Microsystems. Тој програмски јазик е сè позастапен во софтверските решенија на пазарот. Негова силна страна е што може да се користи на повеќе оперативни системи само со инсталирање на jre (java runtime enviroment) за извршување на програми напишани во Јава или на jdk (java development kit) за развивање на програмите во овој програмски јазик.
Програмите напишани во Јава се составени објекти, произведени од класи кои што поседуваат својства и методи. Од напишаните класи во дадената програма се создаваат објекти со кои што преку дадените методи овие објекти се манипулираат.
[уреди] Слични програмски јазици
Како најсличен јазик за време на појавувањето на Java бил C++. По големото прифаќање на Java на пазарот се појавил C# кој може да се каже дека е најсличен на Java. Денес, Java се користи за изработка на сите видови на апликации, било тоа да е апликација за мобилни телефони, мини компјутери, десктоп апликации, веб апликации или сложени и дистрибуирани мрежни апликациски системи.
[уреди] Javа Servlet технологоја
Javа Servlet технологојата денес е напредна технологија која се користи за креирање на веб апликации. Независноста од платформа, оперативен систем и апликациски сервер, оваа технологија овозможува моќна алатка за креирање на Web апликации со високи перформанси во однос на брзина, сигурност, точност, комбинација со други технологии.
Денес, сервлетите се популарен избор за креирање на веб апликации насекаде во светот. Постојат многу производители на сервери, како Apache Web server, iPlanetTM Web Server, Microsoft IIS, JBoss, BEA WebLogic, IBM WebSphere, Netscape Application Server, и други, кои му овозможуваат на корисниците да ја одберат најдобрата можна опција во поглед насервери, платформи и алатки.
Сервлетите се пишуваат во јазикот Java, што им овозможува да го искористат целиот потенцијал на овој јазик, вклучувајќи ја и JDBC технологијата, која овозможува пристап до сите бази на податоци.
[уреди] JSP страница
JSP странica е всушност страница која е преведена во сервлет кога е повикана. Но, JSP страниците нудат повеќе можности од сервлетите, со тоа што овозможуваат поинаков пристап во креирањето, промената и одржувањето на апликациите. Тоа е мешавина од HTML код со Java и JSP тагови, кои можат да се креираат, или искористат некои од веќе понудените моќни TAG библиотеки.
JSP и Java Servlet технологиите ги нудат сите предности на Java програмскиот јазик, зрели, солидни решенија погодни за мали и големи корпоративни апликациски решенија.
Ова решение нуди:
- Подвижност помеѓу платформи и сервери
- Масивно менаџирање на исклучоци, грешки и меморија
- Пристап до широк обем на API технологии (JDBC, JavaMail, XML.)
JSP и Java Servlet технологиите се дел од Java 2 Platform, Enterprise Edition (J2EE) платформата, и овозможуваат високо флексибилни и скалабилни решенија за креирање на повеќеслојни апликации во “enterprise” околина затоа што:
- Имаат пристап до Enterprise JavaBeans и J2EE компоненти и сервери кои содржат широк опсег на апликациски функционалности, вклучувајќи безбедност и менаџмент на трансакции
- Овозможуваат “multithreaded processing” и повеќе конкурентни барања, со што се идеални за апликации со голем број на истовремени корисници
Програмски јазици |
Ada | ALGOL | APL | Асемблер | AWK | BASIC | C | C++ | C# | COBOL | ColdFusion | Common Lisp | Delphi | Eiffel | Focus | Forth | FORTRAN | Haskell | IDL | Java | JavaScript | Limbo | Lisp | Lua | Modula 2 | Objective C | OCaml | Pascal | Perl | PHP | Prolog | Python | Ruby | SAS | Scheme | Smalltalk | SQL | Tcl | Visual Basic |