Јаничар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Јаничар бил припадник на турската милиција основана во 1329 од заробени млади христијани што биле насилно потурчувани.
Во 1360 султан Мурат ја реорганизирал турската милиција и и дал извесни повластици поради што почнале да и пристапуваат и многу Турци. Јаничарите, како одлично опремена војска претставувале јадро на турската пешадија. Подоцна Јаничарскиот корпус се засилил толку многу што станал опасен дури и за султанот, поради што Мухамед II ја укинал во 1826.