Бертранд Расел
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бертранд Артур Вилијам Расел, 3-ти Ерл Расел (18 мај, 1872 - 2 февруари, 1970) е влијателен математичар, философ и логичар на модерното доба, работејќи најмногу во XXти век. Освен што е плоден писател, Расел истотака бил и популаризатор на философијата и коментатор на широк спектар на теми, од многу сериозни прашања до вообичаени и најобични теми. Раселовата елегантна проза, јасност на изразот, и остроумноста предизвикувале восхит кај широките маси. Продолжувајќи ја семејната традиција во политички работи, тој бил влијателен либерален активист, најголемиот дел од неговиот долг живот. Милиони го сметале Расел за пророк на креативниот и рационалниот живот, но во исто време, неговите ставови за многу прашања биле доста контроверзни. Роден во кулминацијата на британскиот економски и политички раст, тој умрел од грип скоро еден век покасно кога британската империја скоро да исчезнала. Како еден од најпознатите светски интелектуалци, Раселовиот глас носел со себе голем морален авторитет, дури и во неговите доцни девеесети. Меѓу неговите останати политички активности, Расел бил влијателен поборник за нуклеарно разоружување, и гласен критичар на Виетнамската војна.
Во 1950, Расел добил Нобелова награда за литература како "признавање на неговите разнообразни и значајни дела, во која тој се бори за човечките идеали и слободата на мислата".