Брсјачка носија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Брсјачката етничка целина го зафаќа југозанадниот дел на Македонија. Таа е, всушност, најголемата етничка целина во чиј состав влегуваат многу помали и поголеми пределски целини, секоја со свои посебни етнички особини и со карактеристични народни носии.
Во составот на Брсјачката етничка целина влегуваат пределите:
- Струшко Поле
- Дебарца
- Тиквеш
- Бабуна
- делови од подгрупата Средно-вардарска.
Во женската носија од овој дел на Македонија посебно се изразени разликите на облеките во поодделните пределски целини. Застапена е долгата платнена туниковидна кошула, украсена со богати везови по полите, ракавите и градите. Горните облеки, многу разновидни по начинот на украсување, имаат разлики и во димензиите - од тесни и куси, до под појас, почнувајќи од северниот дел тие се зголемуваат во должина колку се оди по на југ кон Охридското Езеро. Машката носија е поизедначена, главно од платнени и клашнени облеки.