Кичево
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кичево е град во средишниот дел на Западна Македонија. Градот лежи во Кичевската Котлина под југо - источните падини на планината Бистра. Од Скопје Кичево е оддалечено 112 километри, а се наоѓа на речеси половина пат меѓу Гостивар (46 километри) и Охрид (61 километар).
Содржина |
[уреди] Население и етнички состав на населението во Кичево
Според пописот од 2002 година, во градот Кичево живеат 27067 жители од кои:
- Македонци 15031 (55,53%)
- Албанци 7641 (28,23%)
- Турци 2406 (8,89%)
- Роми 1329 (4,91%)
- Власи 75
- Срби 82
- Бошњаци 7
- oстанати 496
Застапеноста на Македонците во Општина Кичево е 53,7%.
[уреди] Историја на Кичево
Кичево како населба е првпат споменато под името Ускана во времето на владеењето на Античкиот Македонски владетеле Персеј, градот имал значајна улога во Македонско - Римските војни (170-169 г.п.н.е.). Подоцна во 1018 година градот е споменат под името Кичавис во документите на тогашниот Византиски владетел Василиј II. Револуционерното движење против Османската власт го започнале јеромонахот Јосиф од познатиот манастир Света Богородица Пречиста во близината на Кичево и неколку учители. Во 1878 година од страна Пере Тошев била организирана првата вооружена револуционерна чета на чело со војводата Дуко Тасев. Кичево е познато по неговата голема улога што ја одиграло во Илинденското востание. Од овој град и од неговата околина излегле голем број на војводи од кои најпознати се Јордан Пиперката, Наќе Лавчанчето, Дуко Тасев итн. За време на Втората светска војна Кичево бил првиот слободен град и слободна територија заедно со Дебарца во 1942 година. Од градот и околината се исто така произлезени и многу партизани.
[уреди] Потекло на името Кичево
Според Марко Цепенков сестрата на Крале Марко, Кита владеела овде на калето (наречено Китино Кале) кое е всушност денешното Кичевско Кале со саат-кулата, и според градот го добил името Кичево.
[уреди] Стопанство и економија
Во Кичево е доста развиена трговијата, а најпознати стопанско - индустриски објекти се поранешниот рудник за железо Тајмиште (сега има производство на здрава храна), рудникот за јаглен и термоелектрана Осломеј, фабриката Тане Цалески.
[уреди] Туризам
На само 3 километри од центарот на градот на падините на Бистра се наоѓа познатото излетничко место Крушино.
[уреди] Знаменитости на градот
- Китино Кале
- Манастир Св Богородица Пречиста (Кичевска)
- Манастир Св. Ѓорѓија-село Кнежино
- Саат Кула-Кичево
- Стара Чаршија-Кичево
[уреди] Кичево на интернет
Берово · Битола · Богданци · Валандово · Велес · Виница · Гевгелија · Гостивар · Дебар · Делчево · Демир Капија · Демир Хисар · Кавадарци · Кичево · Кочани · Кратово · Крива Паланка · Крушево · Куманово · Македонски Брод · Македонска Каменица · Неготино · Охрид · Пехчево · Прилеп · Пробиштип · Радовиш · Ресен · Скопје · Струга · Струмица · Свети Николе · Тетово · Штип