Кавадарци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кавадарци е град во југо-западниот дел на Повардарието.Во Македонија и светот е познат е по лозарската традиција и квалитетното македонско вино. Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место.
Содржина |
[уреди] Географија
Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место. Од Скопје Кавадарци е оддалечен 105 km, најблизок град е Неготино одалечено 10 km, а преку одличен пат Кавадарци е поврзано со Прилеп (51 km) кој продолжува кон Битола, Ресен и Охрид. Градот Кавадарци е распослан на двата брега на реката Луда Мара на надморска височина од 230 до 270 метри.
[уреди] Население
Според пописот од 2002 година, во градот Кавадарци живеат 29188 жители и спаѓа во групата на средно-големи градови. Етничкиот состав на населението во градот е:
[уреди] Стопанство
Населението во градот, а воопшто и во целиот регион најмногу се занимава со лозарство. Најзначајни стопански објекти се Винарската Визба “Тиквеш“, Металургискиот комбинат за фероникел „ФЕНИ“, фабриката „Металекс“, а во поново време во огромен подем се и многуте приватни винарии и винарски визби.
[уреди] Историја на Кавадарци
Населбата Кавадарци прв пат е спомената во турски документи од 1823 година. Во документот Кавадарци е спомнат како мала населба (“касаба“) со околу 2.000 жители во крајниот источен дел на тогашниот Битолски Вилает. Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуват дека овде постоела населба уште во античко време и во Средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешко езеро.
Берово · Битола · Богданци · Валандово · Велес · Виница · Гевгелија · Гостивар · Дебар · Делчево · Демир Капија · Демир Хисар · Кавадарци · Кичево · Кочани · Кратово · Крива Паланка · Крушево · Куманово · Македонски Брод · Македонска Каменица · Неготино · Охрид · Пехчево · Прилеп · Пробиштип · Радовиш · Ресен · Скопје · Струга · Струмица · Свети Николе · Тетово · Штип