Неготино
Од Википедија, слободна енциклопедија
Неготино е сместено во средното Повардарие, од двете страни на реката Вардар и зазема значителен простор во Тиквешката Котлина. Климата и почвата се идеални за одгледување на грозје и за винарска индустрија. Од Скопје Неготино е оддалечено 100 км, а најблизок град е Кавадарци кој е оддалечен 10 километри.
Содржина |
[уреди] Население
Во Неготино живеат 13284 жители (според пописот од 2002 година) од кои:
- Македонци 12994 (97,82%)
- Албанци 1
- Турци 46
- Роми 74
- Власи 11
- Срби 117
- Бошњаци 1
- останати 40
[уреди] Историја и потекло на името Неготино
Името Неготино е словенизирано име на античката населба Антигонеа која што во 3 век п.н.е. ја формирал македонскиот владетел Антигон Гонат. Градот Антигонеа бил попатна станица на Виа Игнација. Денес на територијата на општина Неготино постојат огромен број на археолошки локалитети.
Денешниот град Неготино е формиран во доцниот среден век како занаетчиска населба.
Позната градба од отоманскиот период подигната во 1821 година е “Саат кула”, а биле изградени и џамија и безистен.
Како ден на Општината се празнува 8 ноември, Ден на ослободувањето на Неготино од фашистичките окупатори во 1944 година.
Неготино својот најголем подем го постигнува во втората половина на 20 век кога прераснува во модерна градска населба со развиена инфраструктура.
[уреди] Стопанство
Земјоделското производство претставува главна стопанска дејност во општина Неготино. Општина Неготино има годишно производство од 20 – 25 милиони килограми грозје. Од индустриските култури застапени се тутунот, афионот, градинарските култури и житариците. Во Неготино е лоцирана и втората по големина винарска визба во Македонија, „Повардарие“. Во поново време се забележува отворањето на приватни винарии и винарски визби како „Бовин“, „Фонко“ и други кои извезуваат вина и на странските пазари. Во непосредна близина на градот се наоѓа теромцентралата „ТЕЦ Неготино“.
[уреди] Редовни настани и манифестации
Позначајни манифестации кои се одржуваат во Општина Неготино се Фестивалот на виното (14 февруари) кој се одржува по повод верскиот празник Св. Трифун (заштитник на лозарите), Манастирска вечер и Неготинскиот панаѓур (20-23 септември) кој се одржува по повод верскиот празник Мала Богородица.
[уреди] Личности
[уреди] Надворешни врски
Берово · Битола · Богданци · Валандово · Велес · Виница · Гевгелија · Гостивар · Дебар · Делчево · Демир Капија · Демир Хисар · Кавадарци · Кичево · Кочани · Кратово · Крива Паланка · Крушево · Куманово · Македонски Брод · Македонска Каменица · Неготино · Охрид · Пехчево · Прилеп · Пробиштип · Радовиш · Ресен · Скопје · Струга · Струмица · Свети Николе · Тетово · Штип