Македонски Брод
Од Википедија, слободна енциклопедија
Македонски Брод (брод = прегазлив дел од река) е гратче во западна Македонија. Тој се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува средиште на областа Поречје. Од Кичево е оддалечен 25 км во источен правец, а во северо-западен правец на 35 км е оддалечен од Прилеп. Главен проблем претставува патното поврзување со Скопје бидејќи со изградбата на браната Козјак беше уништен дел од директниот патен правец, па сега за да се стигне до Скопје треба да се поминат околу 150 километри одејќи преку Кичево, Гостивар и Тетово.
Според пописот од 2002 година во Македонски Брод живеат 3740 жители од кои 3725 (99,60%) се Македонци, а останатиот мал дел се 9 Срби, 3 Роми, 1 Бошњак и 2 попишани како други. Македонски Брод бележи благ но константен пораст на своето население, кој покрај раѓањето највеќе се должи на доселувањето на луѓе од селата во Поречието.
Од стопанските дејности населението главно се занимава со земјоделство и сточарство. Во градот има неколку индустриски погони меѓу кои најзначано е тутунското претпријатие. Со затворањето на фабриката за изработка на железни монети и огнено оружје „Сувенир“ во блиското село Самоков прекина работниот однос на голем дел од граѓаните на Македонски Брод кои беа вработени таму.
Берово · Битола · Богданци · Валандово · Велес · Виница · Гевгелија · Гостивар · Дебар · Делчево · Демир Капија · Демир Хисар · Кавадарци · Кичево · Кочани · Кратово · Крива Паланка · Крушево · Куманово · Македонски Брод · Македонска Каменица · Неготино · Охрид · Пехчево · Прилеп · Пробиштип · Радовиш · Ресен · Скопје · Струга · Струмица · Свети Николе · Тетово · Штип