Мечка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мечки |
|||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Кафеава мечка (Ursus arctos)
|
|||||||||||||
Научна класификација | |||||||||||||
|
|||||||||||||
|
|||||||||||||
Ailuropoda Helarctos Melursus Ursus Tremarctos Arctodus(изумрен) |
Мечките се група на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.
Зоолозите разликуваат осум видови на мечки:
- голема панда
- очилна мечка
- сончева мечка
- тромава мечка
- азиска црна мечка
- американска црна мечка
- кафеава мечка (се наоѓа во Македонија)
- поларна мечка
Сите овие видови, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес неможат да се најдат во Африка, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, поларните мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 kg, поларните мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини сончеви мечки, кои ретко надминуваат 66 kg.