Нагорно-Карабах
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
|||||
Химна: Азат у Анках Арцах ("Слободен и независен Арцах") |
|||||
Политички статус | Непризнат | ||||
Јазици | ерменски | ||||
Главен град | Степанакерт (Ксанканди) | ||||
Претседател | Аркадиј Гукасјан | ||||
Премиер | Анушван Даниелјан | ||||
Независност – Референдум – Прогласена – Признавање |
од Азербејџан 10 декември, 1991 6 јануари, 1992 непризната |
||||
Површина | 4,400 km² | ||||
Население3 Етнички групи4 |
145,000 (проц. 2002) Над 95% Ерменци 5% малцинства |
||||
Валута | Драм (ерменски) | ||||
Временска зона | UTC +4 | ||||
Повикувачки број | 374 97 (Карабахска мобилна мрежа) |
Нагорно-Карабах е де факто независна република во Јужниот Кавказ, официјално дел од Република Азербејџан, околу 270 километри западно од азербејџанскиот главен град Баку, и многу блиска до границата со Ерменија.
Регионот е познат по повеќе имиња: рускиот назив е Нагорни Карабах и тој потекнува од советскиот период ("нагорни" означува висок или планински на руски), ерменскиот назив е Арцах (историска област што приближно соодветствува со денешниот регион), додека пак азербејџанскиот назив е Карабагх (кој означува Црна градина, од турското кара = црна и персиското багх = градина).
Во 1923, Советскиот Сојуз го инкорпорирал регионот кој е претежно населен со Ерменци во Азербејџанската ССР и го именувал како Нагорно-Карабахска Автономна Област (НКАО). На 10 декември 1991, како што Советскиот Сојуз се распаѓал, во НКАО и во соседниот округ Шахумијан бил одржан референдум на кој била прогласена независност од Азербејџан како Нагорно-Карабахска Република (НКР), која не е призната од ниту една меѓународна организација или држава, вклучувајќи ја и Ерменија.
Во последните години на распаѓањето на Советскиот Сојуз, регионот станал причина за спор помеѓу Ерменија и Азербејџан, кулминирајќи со војната во Нагорно-Карабах. По примирјето постигнато со руска помош ма 12 мај 1994, најголемиот дел од Нагорно-Карабах и неколку региони на Азербејџан околу него се под контрола на војската на Ерменија, а НКР се здобива и со де факто посебна влада. Од тогаш, страните водат мировни разговори со посредство на ОБСЕ Групата Минск.